Најдобрите 6 совети за грижа и нега на кожата после сончање

Најдобрите 6 совети за грижа и нега на кожата после сончање

Одамна набавивте сè што ви е потребно за на плажа, кога се во прашање козметичките продукти? Мислиме пред сè на лосионите и спреовите кои ќе ја заштитат вашата кожа, лице и коса од сонцето. Сепак, негата после сончањето е подеднакво важна за кожата да ви изгледа здраво, но и вие да се чувствувате убаво во неа. Поради таа причина, со вас споделуваме 6 фантастични совети како да ја сочувате кожата после излегувањето на сонце.

1-sochuvajte-ja-kozhata-posle-sonchanjeto-top-6-soveti-za-nejzina-nega-www.kafepauza.mk_

1. Обрнете внимание на водата со која се туширате

Туширањето е доста важно штом ќе ја напуштите плажата или базенот. Хлорот, солта и песокот мора да се отстранат, но колку и да сакате да се туширате со топла вода, немојте да го правите тоа, бидејќи таа скоро цел ден била изложена на сонце. Нека водата биде млака, бидејќи многу повеќе ќе ви пријае и нема да почувствувате негативни последици.

2. Изберете соодветен гел за туширање

Немојте никако да ги користите оние гелови кои содржат состојки што ја сушат кожата. Таа е претходно исушена, па затоа дајте ѝ третман каков што заслужува. Геловите за туширање на база на масла или оние со ефект на додатна хидратација се одличен избор. Исто така, избегнувајте да правите пилинг кој само ќе ја иритира кожата. Пилингот би требало да го направите пред, но и по завршувањето на летувањето.

4-sochuvajte-ja-kozhata-posle-sonchanjeto-top-6-soveti-za-nejzina-nega-www.kafepauza.mk_

3. Никако не заборавајте на интимната зона

Знаете и самите дека не треба да ја миете интимната зона со редовни гелови за туширање, туку само со оние кои се специјализирани баш за таа намена. Тие не содржат сапун, туку благи состојки кои природно се наоѓаат во интимната зона на жената и не ја нарушуваат природната pH вредност. На лето, после сончањето и капењето, особено е важно да обрнете внимание на овој дел, бидејќи солената вода и тоа како ја нарушува pH вредноста, а воопшто да не зборуваме за базените. Затоа може да ви се случи да почувствувате чешање, пецкање и други непријатности кои можат да ви го уништат одморот.

4. После туширањето користите млеко или лосион за нега на телото после сончање

Ова е подобро за вашата кожа, отколку редовното млеко или лосион за тело. Тоа во себе најчесто содржи голем број витамини и состојки кои ја смируваат, ладат, регенерираат и хидрираат кожата. Доколку немате лосион од овој вид, избирајте ги оние кои се помасни и кои ќе ѝ ја обезбедат на кожата потребната влажност, но и природните масла како што е кокосовото ќе даде одлични резултати. На овој начин, бојата ќе се задржи подолго и нема да се излупи.

2-sochuvajte-ja-kozhata-posle-sonchanjeto-top-6-soveti-za-nejzina-nega-www.kafepauza.mk_

5. Евентуалните изгореници негувајте ги на вистински начин

Доколку случајно сте се здобиле со изгореници и под услов тие да не се од повисок степен, постои неколку начини за да ја намалите болката. Јогурт или разблажен јаболков оцет се начините на кои изгорениците може да се смират. Алое верата е исто така сјајна, бидејќи нејзиниот гел лади и ја обновува кожата, но секако би требало да имате и мелем за изгореници во вашата козметичка торба. Тој ќе ја регенерира вашата кожа и со зголеменото внесување на течности во организмот и задолжителното избегнување на сонцето, проблемот набрзо ќе биде решен и вашиот одмор нема да пропадне.

Во секој случај, чувајте се од силното сонце. Не само поради изгорениците, кои може да создадат трајни проблеми на кожата, туку и поради ризикот за кожни заболувања, флеки на лицето и телото и предвременото стареење на кожата. Сетете се на ова нареден пат кога по секоја цена ќе сакате да останете цел ден на сонце, за само да добиете боја за нијанса потемна од претходната.

6. Оставете ја кожата да дише

Вие сте на одмор, па нека се одмори и вашата кожа. Сигурни сме дека не треба да ви нагласуваме дека не пости причина да носите шминка на плажата, но исто така, убаво е доколку целосно ја исфрлите за време на одморот. Наместо парфем, употребувајте спреј за тело со егзотичен мирис или нека вашето тело мириса само на лосионот кој сте го нанеле. Штом ќе се вратите дома ќе продолжите со обврските и рутините, па искористете ги деновите од одморот, да ѝ пружите целосна детоксикација на кожата.

Вие со потемниот тен секако изгледате феноменално и не ви е потребно толку многу за да се разубавите. Наместо да го трошите своето време за контурирање и ставање подлоги, искористете ја таа прилика за да го гледате заоѓањето на сонцето на плажата или да направите нешто што не можете кога сте дома. Освен тоа, носете и гардероба која е пријатна за кожата и од природен материјал.

3-sochuvajte-ja-kozhata-posle-sonchanjeto-top-6-soveti-za-nejzina-nega-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар