Најдобрите 5 трикови да заблескате оваа пролет без грам шминка на вашето лице
Ретко која девојка или жена го напушта домот без грам шминка. Сосема е во ред да ги маскирате подочниците и акните, да го дотерате тенот, да додадете малку руменило на лицето, да ги надополните веѓите, да ги исцртате очите… Но, во тој случај веќе целосно сте го прекриле вашето лице. Понекогаш приликата не бара шминка, на пример ако станува збор за шетање во природа, посета на пријател/ка или едноставно сакаме да го одмориме лицето од разните козметички препарати. И тогаш можете да изгледате убаво и свежо, а сè што треба да знаете се овие 5 мали, но корисни трикови. Оваа пролет едноставно мора да заблескате!
1. Направите сами спреј за лице
Спрејот за лице, кој во истиот момент ќе ви даде свежина, можете да го направите и дома. Потребни ви се шише со прскалка, тоникот кој го редовно го користите за лице и тоник од гамамелис. Наполнете го шишенцето така што ќе додадете половина од едниот и половина од другиот тоник, а за посебна свежина додајте и некоја капка чајно дрво.
Овој спреј задолжително носете го во чантата, бидејќи можете да го користите во секоја прилика за да го освежите лицето, особено кога ќе дојдат топлите денови.
2. Додадете на очите малку сјај
Уморните очи на целото лице му дават уморен изглед. Доколку поминувате подолго време пред компјутер или едноставно имате проблем со зависност од мобилниот телефон, најверојатно вашите очи често се црвени и замаглени. Капките за очи имаат инстант ефект и вашиот поглед повторно ќе биде блескав.
3. Нахранете ги вашите усни
Испуканите усни изгледаат толку неудобно, што и најдобриот кармин не може да им помогне. Да одите некаде без ништо на таквите усни не доаѓа во предвид. Значи, потребен ви е третман, кој повторно можете да го направите сами. Состојките се: кафеав шеќер, маслиново масло и мед. Нанесете ја добиената смеса на усните и доколку малку ви дојде на јазикот, воопшто не е страшно, бидејќи е многу слатко.
4. Додадете волумен на вашата коса
Колку и да изгледате убаво и со свежо лице, безживотната и слепена коса ќе ви даде изглед каков што најверојатно не посакувате. Она што треба да го направите е да се послужите со еден мал трик. Исчешлајте ја косата на вообичаениот начин, а потоа наведнете ја главата надоле. Во таа положба повторно поминете со чешелот низ косата, а потоа подигнете ја главата нагоре. Косата која има повеќе волумен и живост е гарантирана!
5. Избелете ги забите
Откако сè останато на вас ќе заблеска, остана истото да го сторите и со вашите заби. Потребно е еднаш неделно да ги измиете забите со смеса од сода бикарбона и малку лимон, меѓутоа, не е лошо секојдневно да ги миете забите со течност која ги отстранува несаканите наслаги. Исто така, пронајдете мало шишенце кое ќе биде одлично за во вашата чанта и турете малку од течноста за во секоја прилика вашата насмевка да може да заблеска.
Задолжително испробајте ги овие мали трикови и ќе видите дека ќе ви биде потребно многу малку шминка за да изгледате прекрасно!