Најдобрите 5 трендови на здрава исхрана за 2016

Најдобрите 5 трендови на здрава исхрана за 2016

Неретко се среќаваме со ситуации каде луѓето појадуваат за време на ручекот и тоа го прават брзо во некоја попатна пекара, а не се свесни колку неправилната исхрана влијае на нивната ефективност во работата, како и на здравјето. Ручекот се поместува за вечера, а после тоа доаѓа уморот, кој е поинтензивен после целодневното гладување и конечно полниот стомак. За ова повеќе да не ви претставува напор, во продолжение погледнете ги најдобрите предвидувања во областа на исхраната за годинава кои ќе ви помогнат да го одржите вашето здравје:

1. Почнете да ги јадете вашите оброци во чинии

Најдобрите 5 трендови на здрава исхрана за 2016

Чиниите се користат за сервирање на 3-те главни оброци во денот. Постојат многу видови чинии: за житарки, макро чинии, суши чинии… Овие посебни чинии се одличен начин да внесувате повеќе протеини, житарки и зеленчуци во совршените пропорции. Оброците кои ги јадете држејќи ги во раката, како што е случајот со брзата храна, не се многу добри за здравјето.

2. Алги

Топ 5 трендови на здрава храна за 2016

Алгите се подводни билки кои се познати по своите хранливи материи. Тие исто така се и дел од состојките во препаратите за нега на кожата и имаат неверојатен потенцијал за борба против климатските промени. Токму затоа и не нè чуди фактот што се познати под изразот „чудесна храна“. Морските алги се вбројуваат меѓу најхранливите билки на планетата, а бидејќи имаат пристап до сите хранливи состојки во морето, тие се и многу богат извор на минерали. Алгите се богати со биолошки активни супстанци кои имаат голема корист за негата на кожата, вклучувајќи го и здравиот изглед на кожата, косата, ноктите, итн.

3. Мача зелен чај

Топ 5 трендови на здрава храна за 2016

Мача е јапонски зелен чај кој е во облик на прав и може да се раствори во топла вода или млеко. Освен како пијалак, чајот може да го користите и како додаток во слатките. Овој зелен чај е полн со силни антиоксиданси.

4. Билки против стрес

Топ 5 трендови на здрава храна за 2016

Некои билки имаат моќи кои можат да му помогнат на телото да се адаптира на стресот. Една од овие чудотворни нешта е и билката адаптогеник, која ги подобрува здравјето и убавината. Таа помага вашето тело да се прилагоди кон специфичните потреби. Нема храна која може истото ова да го направи и не постои друга билка со слични својства која функционира на овој начин. Така, оваа година започнете да ја користите билката адаптогеник и внесете ги состојките како што се моринга и женшен во вашите сокови, здравата исхрана (вклучувајќи го и чоколадото), како и во домашните козметички производи… Кога ќе ги искусите ефектите, никогаш нема да престанете со користење на оваа билка.

5. Млеко со семки

Топ 5 трендови на здрава храна за 2016

Овој нов тип млеко сега добива поголемо внимание дури и од свежо цедените сокови. Почнете да пиете млеко со семки како нова, поздрава алтернатива за подобра општа здравствена состојба. Направете го на свој начин или пробајте ги инвентивните вкусови и комбинации на млека со индиски ореви, обични ореви, па дури и ф’стаци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар