Најдобрите Инстаграм профили за фитнес мотивација
Од фитнес инструкторки, до сосема обични девојки во топ форма, следниве три профили на Инстаграм се задолжителни за следење доколку ви е потребна мала мотивација за вежбање. Летото ни се приближува, а со тоа сигурно се зголемува и вашата желба да изгледате најдобро што можете за летниот одмор. Погледнете ги само нивните фотографии, и не само што ќе тргнете веднаш во теретана туку и ќе се мотивирате да почнете и подобро да се исхранувате.
1. Памела Реиф
Памела е 20-годишна Германка со интерес за фитнесот, модата и убавината. Семејството ѝ е најважно од сè и гледа да минува што е можно повеќе време со нив. Таа исто така сака да го искористи секој ден најдобро што може и да се доближи чекор понапред до остварувањето на своите соништа.
2. Џулија Муниз
Џулија е 19-годишна Бразилка што обожава да истражува нови места и култури. Таа води многу здрав и среќен начин на живот, па се надева дека ќе успее и другите да ги инспирира да тргнат по нејзиниот пат. Џулија исто така е и модел, обожава спорт и во моментов живее во Лос Анџелес.
3. Алексис Рен
Алексис е Американка позната по својата колекција спортска облека. Таа цврсто верува дека ако верувате дека изгледате добро во теретаната, ќе можете да постигнете многу подобри резултати. Целата колекција е направена на тој начин да ви помогне да се чувствувате поудобно и посамоуверено.
Погледнете ги и овие модни блогерки чии Инстаграм профили треба веднаш да ги заследите!