Најдобриот начин за шминкање според областа во која работите

Најдобриот начин за шминкање според областа во која работите

Мејкап артистката Ивана Лисак што работи за Ланком ,советува како секоја жена би требало да биде нашминкана во своето работно опкружување. Според неа, шминката за на работа е навистина деликатна задача, бидејќи често жените ја нанесуваат набрзина, а некои дури и откако ќе пристигнат во канцеларијата. Поради тоа, таа решила да ги сподели своите трикови и тајни за тоа како секоја деловна жена треба да се шминка и тоа да биде во согласност со трендот и естетиката на самата компанија.

Изглед 1: Корпорација

Три најдобри начини како да се нашминкате за на работа

Овој изглед е лесен за изведување и секоја жена може да го постигне за 5-10 минути. Се нагласува лицето, а не шминката, па така се користи тонирана крема, наместо пудра, со средна покривност.

На образите се нанесува розово руменило, за да даде здрав сјај на кожата и да се постигне одморен изглед. На очните капаци се нанесува златно-розова сенка за очи, која им стои на сите, а е доволно дискретна за во работна средина. Над трепките се нанесува тенка линија со туш за очи и благо се нијансира со кафеава сенка, за да нема пренагласен премин во боите.

За усните употребете кармин со сатенска текстура, кој освен што има интензивна боја, исто така и ги хидратизира усните. Избегнувајте мат кармини, бидејќи ги сушат усните и може да направат да изгледате уморно.

Изглед 2: Креативна агенција

Три најдобри начини како да се нашминкате за на работа

Ако работите во фирма каде што опкружувањето не е многу формално, дозволено е и експериментирање. Доколку сметате дека можете да носите ајлајнер и на долниот капак и ако ви прилега, тогаш направете го тоа, иако овој изглед не е типично дневен.

На усните нанесете црвен течен кармин и додајте една капка златен сјај за усни. За овој изглед ви е потребно и малку руменило.

Изглед 3: Жена шеф

Три најдобри начини како да се нашминкате за на работа

Тука се работи за проценка на самата личност, која ќе одреди дали како лидер треба да биде впечатливо или дискретно нашминкана.

Во вакви случаи може да се експериментира со потемен интензивен кармин, а наместо ајлајнер, исцртајте ги очите со сенка. Важно е да се изберат квалитетни и долготрајни производи, особено ако обврските не дозволуваат чести корекции на шминката.

Потсетете се и на 5-те клучни техники на шминкање кои треба да ги совладате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар