Најдобриот извор на здравје и енергија: Зеленчукот кој го ревитализира вашиот организам
Доколку сакате брзо да се заштитите од несаканите ефекти на надворешните и внатрешните влијанија и да ја сочувате витката линија, тогаш нутриционистите советуваат да јадете келераба. Овој здрав, нискокалоричен зеленчук изобилува со растителни влакна кој обезбедуваат подолго чувство на енергија, ситост и го забрзува метаболизмот и варењето на храната, па затоа се препорачува за сите оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми.
Келерабата е одличен извор на витаминот Ц (62 милиграми во 100 грама), па со самото тоа го зајакнува имунитетот, го неутрализира дејството на штетните, слободни радикали и го забавува стареењето. Благотворно делува на кардиоваскуларниот систем бидејќи го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта. Го стабилизира и нивото на шеќерот во крвта, па се препорачува кај пациентите кои боледуваат од хипогликемија и дијабетес. Освен тоа, со витаминот Ц се поттикнува апсорпцијата на железото одговорно за снабдувањето на крвта со кислород и на тој начин ги засилува функциите во целото тело.
Со редовното консумирање свежа келераба се намалува и ризикот од појава на камен во бубрегот, додека калиумот го намалува покачениот крвен притисок. Ја отстранува опстипацијата, а добро упатените тврдат дека помага и во превенцијата на карциномот на дебелото црево. Освен тоа, поволно делува на здравјето и јачината на коските, лимфниот систем, сврзното ткиво, забите и непцата. Го ублажува едемот, кандидијазата и вирусните инфекции.