Најдобриот и најдискретниот начин да престанете да икате
Икањето може да се појави во многу незгодни моменти, на пример при интервју за работа, додека сте на некое јавно и тивко место, за време на првиот состанок и слично. Можеби знаете некои начини како да го запрете, но денес ви прикажуваме еден подискретен и ефикасен во 90% од случаите.
Сѐ што треба да направите е да седнете мирно и да се фокусирате (навистина да се фокусирате) на тоа кога следен пат ќе икнете. Обидете се најдобро што можете да го предвидите. Затворете ги очите и мислете на тоа… Потоа ќе почувствувате олеснување, затоа што тоа ќе исчезне.
Ова функционира затоа што во основа вие го одвраќате вашиот мозок од самото икање. Тоа е чудно, но навистина делува!