Претходно
Најдобриот есенски пијалак: Топло чоколадо со тиква
Започнете го викендот со нешто слатко
Потребни состојки (за 2 шолји):
- 200 грама темно чоколадо
- 225 грама пире од тиква
- 1 супена лажица кокосово млеко
- 1/4 лажичка цимет
- 2 лажички сируп од агаве
Начин на подготовка:
Загрејте вода во мал сад врз кој ќе поставите друг сад со искршените коцки чоколадо за тие да можат да се стопат без да изгорат. За да го направите пирето од тиква, најпрво исечкајте ја тиквата на мали парчиња, а потоа варете ја на пареа 15-тина минути. Потоа изматете ја со миксер за да добиете крем текстура и додајте цимет. Во смесата со тиквата додајте го и чоколадото, сирупот од агаве и кокосовото масло за заедно да се загреат. За вкус, можете да додадете и свежи листови нане.