Најдобри и најбезбедни начини да ѝ ја покажете вашата љубов

Најдобри и најбезбедни начини да ѝ ја покажете вашата љубов

Велат дека чувството кога си сакан е прекрасно, но уште поблагородно чувство е она кога сакаш искрено. Некои луѓе имаат потешкотии кога станува збор за изразување на емоции. Или можеби досега на многу девојки сте им ја признале вашата љубов, но чувствувате дека овој пат е различно, вистинско, па би сакале љубовта да ја искажете поинаку. Доколку во вашиот живот имате посебна дама на која сè уште не сте ѝ навестиле колку ви значи, можеби најдобро е да го сторите тоа што поскоро.

Најдобри и најбезбедни начини да ù ја покажете вашата љубов

Бидете искрени за она што навистина сте

Никој не би требало веднаш да се отвори како на послужавник. И најчесто луѓето не го прават тоа, ова ни е како одбранбен механизам. Но, по одредено време, ќе мора да бидете искрени. Отворете ги картите и видете дали ве прифаќа онакви какви што навистина сте. Доколку може да се носи со вашите маани и предности, имате сигурна основа за понатамошно искажување на вашата љубов.

Згответе храна

Мислите дека изреката „Љубовта доаѓа преку стомакот“ важи само за мажите? Размислете повторно. Девојките имаат развиено чувство за забележување ситници, таа ќе се радува што сте го подготвиле нејзиното омилено нешто, макар да биде тоа омлет со сирење за кој и не се потребни некои големи готвачки капацитети. Кога ќе ѝ покажете дека сте издвоиле време да зготвите оброк, дека тој ги содржи нејзините омилени состојки, знајте дека во истиот момент сте ја освоиле и сте ѝ дале до знаење нешто многу важно.

Давајте ѝ комплименти

Секако, без претерување. Жените сакаат комплименти, но исто така и забележуваат кога не се вистинити или кога се претерани. Одвреме навреме дајте ѝ по некој комплимент како знак дека ја забележувате и нејзината надворешна убавина. Но, секогаш бидете искрени. Не давајте ѝ комплимент за нејзината коса ако навистина не ви се допаѓа новата фризура, подобро речете ѝ дека нејзиниот задник изгледа феноменално во новите фармерки.

Изразувајте се себеси преку мали гестови

Веќе ни е јасно дека жените ги забележуваат малите гестови и ситници. Но она што исто така ни е јасно е тоа дека ретки се мажите кои знаат како да ја изразат својата љубов преку мали гестови. За нив не се потребни ни многу пари ни многу време. Да издвоите дел од вашето скапоцено време и да испратите цвеќе или кутија со бонбончиња на нејзиното работно место, не е голема филозофија, но не на секого ќе му текне. Ваквите гестови ги радуваат девојките, плус придонесуваат и таа да се „затреска“ во вас уште повеќе.

Кажете ѝ во лице

Сите гестови кои на индиректен начин ја покажуваат вашата љубов се навистина слатки, но еден ден ќе мора да ѝ го кажете тоа во лице, нема да можете постојано да играте расипан телефон. Вие може да сте нежен и внимателен, но доколку по долго време таа не ги чула тие два збора од вас, ќе почне да се сомнева дали чувствата навистина постојат. Бидете мажи, влезете во кола, застанете пред нејзината врата и заѕвонете. Ако не можете веднаш дирекно да ѝ кажете „Те сакам“, почнете со фрази како „Го обожувам мирисот на твојата коса“. Штом девојката сфати дека сте го поминале градот само за да ѝ речете дека го сакате начинот на кој се смее, верувајте, веќе сè ѝ е јасно.

Кога нема да чувствувате потешкотии за да направите што било од горенаведеното, всушност кога сето ова би го направиле со задоволство, тогаш знаете дека таа е онаа вистинската.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар