Најдобрата врска ќе ви биде со девојката што се плаши да љуби
Таа не сака да скока од врска во врска. Кога ќе ја прашате кога последен пат ги употребила зборовите „дечко ми“, таа ќе направи подолга пауза пред да ви одговори. Тоа е така бидејќи таа е во потрага по нешто што нема да трае само еден момент, туку цел живот. Затоа и нема на сите социјални мрежи да разгласи дека сте во врска. Таа ќе ја чува вашата поврзаност за себе сè додека не е сигурна дека сте вистинските за неа.
Кога некој се плаши да љуби, тој или таа не се трудат многу да бараат љубов. Затоа и ги инвестираат своите време и емоции во други нешта со цел да си го одвлечат вниманието. Па, кога таа ќе ја најде вистинската врска, вие ќе станете нејзиниот приоритет. Вистината е дека таа има многу нешта покрај љубовта во нејзиниот живот на коишто е горда, бидејќи ги изградила самата. Поради ова и многумина ѝ се воодушевуваат, но малкумина веруваат дека можат да ја следат во брзиот чекор.
Зборот „девојка“ за неа е многу тежок. Иако повеќето луѓе имаат потреба од статуси за да се чувствуваат безбедно, таа само сака некој што е доволно самоуверен да ја смета за своја, без да ја нарекува девојка. Таа нема потреба од етикети за да биде лојална. И покрај тоа што е навикната на својата слобода и флертувањето, најмногу ужива во прегратката на саканиот што ја тера да биде подобра личност.
Затоа и ќе се труди најмногу што може, особено ако гледа дека тоа е возвратено. Таа секогаш го дава најдоброто од себе, без разлика дали некој го заслужува истото или не. Но, кога ова трудење е возвратено и од другата страна, таа ќе биде уште помотивирана и уште поотворена кон својот сакан. Можеби дури и премногу често ќе се заблагодарува, бидејќи не е навикната да биде ценета. На почетокот на овој начин ќе ги смирува своите сомнежи, но потоа ќе се претвори во навика преку која ви кажува колку навистина ве цени.
Кога ќе стигнете до точката каде што таа веќе целосно ви верува, сите нејзини ѕидови ќе се срушат. И оваа личност ќе изгледа малку поразлично од онаа што сте ја запознале, но без сомнение ќе биде вистинската за вас. И ако завршите со неа, таа ќе ве сака со целото свое срце и ќе го промени начинот на кои самите се сакате. Бидејќи девојките што се плашат од љубов се оние што ги имаат најголемите срца, но кои сè уште не ја пронашле вистинската.
Ако сте ја пронашле оваа девојка, обидете се да направите сè во ваша моќ да ја задржите затоа што нема да најдете друга како неа. А ако има и куче, тогаш дефинитивно нема да најдете посовршена!