Најдобрата шминка од познатите музички спотови

Најдобрата шминка од познатите музички спотови

Музичките спотови честопати ни служат како инспирација за комбинирање на нашата облека, но не ретко нè импресионира и начинот на којшто омилените пејачки се нашминкани во нив. Овде ви прикажуваме неколку начини на шминкање од популарните видео спотови коишто можете да ги испробате веќе во следната прилика!

najdobrata-shminka-od-poznatite-muzichki-spotovi-kafepauza.mk (0)

1. Бијонсе, „Why Don’t You Love Me?“

И овде можеме да ѝ завидуваме на Бијонсе! Тиркизни нокти, изразен ајлајнер и разбушавена коса е она што прави оваа талентирана пејачка и во овој спот да биде прекрасна.

najdobrata-shminka-od-poznatite-muzichki-spotovi-kafepauza.mk (1)

2. Ријана, „Bitch, Better Have My Money“

Ријана честопати може да биде пример кога станува збор за шминкањето и фризурата, а ништо поинаку не беше ни кога се појави во спотот за песната „Bitch Better Have My Money“. Бордо усните и косата којашто со многу волумен, лесно може да стане и ваш заштитен знак.

najdobrata-shminka-od-poznatite-muzichki-spotovi-kafepauza.mk (2)

3. Џенифер Лопез, „Live It Up“

Ако некој може да нè мотивира на усните да ставиме жолт кармин, тогаш тоа е Џеј Ло. Овој сончев изглед е идеален за летните вечери, па почекајте уште неколку месеци додека вашата кожа не добие боја.

najdobrata-shminka-od-poznatite-muzichki-spotovi-kafepauza.mk (3)

4. Гвен Стефани, „Don’t Speak“

Култниот изглед на шминката од средината на деведесеттите го видовме на Гвен Стефани, во првиот спот на групата „No Doubt“ за песната „Don’t Speak“. Класичниот црвен кармин и тенките веѓи и ден-денес се нешто по коешто ја паметиме оригиналната пејачка.

najdobrata-shminka-od-poznatite-muzichki-spotovi-kafepauza.mk (4)

5. Лорд, „Tennis Court“

Грандиозната шминка каква што денес во најголема мера ја промовира Кајли Џенер, пред две години ја воведе австралиската пејачка Лорд. Акцентот е ставен на темните усни и нагласените веѓи.

najdobrata-shminka-od-poznatite-muzichki-spotovi-kafepauza.mk (5)

6. Тејлор Свифт, „Bad Blood“

Во овој спот Тејлор се трансформира од девојка во права фатална жена, а за тоа придонесува јаката боја на коса и особено нагласената шминка.

najdobrata-shminka-od-poznatite-muzichki-spotovi-kafepauza.mk (6)

7. Лана Дел Реј, „Born to Die“

Гламурот на стариот Холивуд го оживеа Лана Дел Реј со својот сјаен тен, долгите трепки и дефинираните локни.

najdobrata-shminka-od-poznatite-muzichki-spotovi-kafepauza.mk (7)

8. Кејти Пери, „Thinking of You“

Во овој спот можеме да воочиме три работи за коишто сонуваме: совршено нашминкани црвени усни, беспрекорно долги трепки и фризура во пин-ап стил. Браво Кејти!

najdobrata-shminka-od-poznatite-muzichki-spotovi-kafepauza.mk (8)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар