Најдобрата и најлошата храна за црниот дроб
Црниот дроб е еден од највиталните органи во целото тело, па затоа важно е да јадете храна која е добра за вашиот црн дроб. Во продолжение прочитајте која храна е најдобрата, а која најлошата кога станува збор за правилното функционирање на црниот дроб.
Добра храна за црниот дроб
1. Боровинки
Боровинките се одличен избор кога станува збор за црниот дроб затоа што изобилуваат со антиоксиданси. Истражувањата покажале дека го намалуваат развојот на рак на црн дроб.
2. Кафе
Истражувањата покажале дека оние кои редовно пијат кафе имаат помал ризик од заболување на црниот дроб како дијабетес 2, но и други невролошки нарушувања. Ова главно се должи на фактот дека кафето е богато со антиоксиданси.
3. Риба
Рибата е одличен извор на протеини кои се од витално значење за одржување на здравјето на црниот дроб. Покрај тоа, повеќето видови риби се преполни со амино киселини и омега-3 масни киселини.
4. Брусница
Сокот од брусница е богат со витамин Ц кој му помага на црниот дроб да ги разградува мастите. Покрај тоа, овој витамин помага во производството на глутатион, протеин кој помага при разградувањето и отстранувањето на токсините од организмот.
Лоша храна за црниот дроб
1. Алкохол
Прекумерната употреба на алкохол може да доведе до заболување на црниот дроб и се јавува како резултат на намалената способност на црниот дроб да регенерира нови клетки. Од друга страна, тоа значи дека црниот дроб не може да ги разградува негативните масти или токсини.
2. Црвено месо
Црвеното месо е одличен извор на протеини, но морате да внимавате да не претерате со консумирање, особено кога станува збор за холестеролот. Црвеното месо содржи заситени масти, вишок железо и хетероциклични аними кои можат да бидат штетни за организмот доколку се внесуваат во поголеми количини.
3. Конзервирана храна
Конзервираната храна е преполна со натриум кој се користи не само за да го продолжи рокот на траење, туку и да го подобри вкусот на храната. Високото ниво на натриум може да доведе до појава на фиброза.
4. Суво грозје
Иако постојат многу здравствени придобивки од консумирањето суво грозје, сепак неговата прекумерна употреба може да доведе до спротивен ефект. Сувото грозје е богато со шеќери, калории и конзерванси, па затоа прекумерното консумирање на оваа намирница може да доведе до воспаление на ткивото на црниот дроб.
Откако прочитавте кои се добрите, а кои се лошите намирници кога станува збор за црниот дроб, ви препорачуваме да прочитате и како пржената храна влијае врз вашето здравје и зошто треба да ја избегнувате.
Извор: littlethings.com