Најдобрата и наједноставната ментална вежба на светот
Живејте во моментот, дишете длабоко, бидете присутни овде и сега, соочете се со вашите проблеми – сето ова се концепти за самопомош што веројатно ви се добро познати.
Но што кога ќе се соочите со стресен момент, кога треба да го дадете најдоброто од себе? Дали треба да се обидете да ги постигнете најдобрите резултати, или треба да се опуштите? Сетете се на која било ваква ситуација – од сообраќаен метеж, до важен состанок на работа.
Според психологот Рајан Ниемиец, има едноставна вежба која ја нарекол пауза за свесност, а која ќе ви се најде во овие моменти. Вежбата се состои од 2 чекори:
1. Застанете и фокусирајте се на вашето дишење 15-тина секунди.
2. Завршете со прашањето: „Кои мои најдобри особини ќе ги покажам сега?“
Веројатно се прашувате зошто функционира ова вежба. Причината е едноставна – трае многу кратко. Луѓето сакаат кратки вежби за свесност и секој може да одвои 10-15 секунди дневно. Паузата за свесност ќе ве врати во сегашниот момент и ќе ви даде можност да го покажете најдоброто од себе, без разлика што работите во моментот.
Вежбата ќе ве подготви да бидете најдобра верзија од себе, да бидете спремни за тешките моменти, да го издржите стресот и да ги покажете најдобрите особини. Вежбата го истакнува само најдоброто во вас и навистина има ефект. Фокусирајте се на нешто позитивно и нека ви стане јасно што ви е најважно во дадениот момент. Оваа пауза ќе ве натера да сфатите дека имате добри особини и сила коишто можете веднаш да ги искористите.
Пробајте ги и овие забавни ментални вежби кои ќе ве направат попаметни.