Најчесто поставуваните модни прашања на Гугл за 2016-та година

Најчесто поставуваните модни прашања на Гугл за 2016-та година

Интернетот на многумина им дава одговор на многу важни прашања кои си ги поставувале на себе, но и на другите. Сè што нè интересира е оддалечено на само неколку кликања од нас, односно многу е лесно да се информираме и да го дознаеме сето она што светот го откривал илјадници години наназад. Ова правило исто така важи и за модата, па затоа откривме што е најпребарувано во 2016-та година, а има врска со модата и стилот.

1-ovie-modni-prashanja-se-najchesto-postavuvani-na-gugl-vo-tekot-na-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

1. Годината зад нас ќе остане позната по бројните „направи сам/а“ проекти, кои се насочени кон тоа од предметите што веќе ги поседувате да создадете нешто ново и корисно. Па така, едно од најчесто поставуваните прашања било како сам/а да ги отстранам ракавите од блузата, кошулата или некое друго парче гардероба.

2. Сцената ги привлекува сите, па дури и оние кои велат дека не ја сакаат, а како доказ за ова е прашањето кое е безброј пати поставено на Гугл, а тоа е кога е најдобро да се започне со манекенство. Можеби сега и самите пишувате за да погледнете што ќе пронајдете, но знајте дека тоа не е толку лесно и дека времето за започнување не е исто за сите.

3. Ниту малку изненадувачко, покрај претходните, доста често се поставувало и прашањето што е „haute couture“, односно што подразбира и што е во суштина високата мода.

2-ovie-modni-prashanja-se-najchesto-postavuvani-na-gugl-vo-tekot-na-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

4. Иако модните експерти велат дека излегле од мода, односно дека тие не се повеќе дел од трендот, девојките најмногу „гуглале“ за тоа како најдобро да се комбинираат чизмите до глужд со тесни фармерки.

5. Малку зачудувачки, но сосема јасно, многумина ги интересирало кога е најдобро да се започне да се носи бела боја.

6. Дали за да дознаат како да ослабат или навистина ги интересира, бидејќи сакаат да се занимаваат со тоа, девојките многу се интересирале за тоа како се станува фитнес модел.

7. Сите ние знаеме дека има многу стилови, многу од нив веќе го добиле своето име, занимлив назив, но и понатаму е најважно дека стилот е спој на добар моден вкус, став и самодоверба, односно бројни добри животни навики на личноста. Но, и покрај сето ова, многумина ги интересирало што е тоа бохо стил, односно еден од најпребаруваните во 2016-та година.

3-ovie-modni-prashanja-se-najchesto-postavuvani-na-gugl-vo-tekot-na-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

8. Изгледа дека малку се вративме и во минатото. Не е воопшто чудно, бидејќи многу модни трендови се вратија, па така многумина беа љубопитни за тоа што се носело во 90-тите.

9. А потоа, се одело уште подлабоко во минатото, односно се дошло до уште еден позанимлив период кој и ден денес се памети по прилично смелите, „откачени“ комбинации и трендови. Она за што поголемиот дел од Интернет корисниците се интересирале кога е модата во прашање се советите и начините како да се облекувате и да изгледате како хипик.

10. И последно, десетто на оваа листа на најмногу поставувани прашање на Гугл било како да станам моден дизајнер. Дали во 2017-та ни се подготвуваат многу изненадувања и уште многу модни дизајнери, ќе откриеме наскоро, а до тогаш запомнете, Интернетот памти сѐ!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар