Најчестите причини за пад на самодовербата кај мажите

Најчестите причини за пад на самодовербата кај мажите

Сум се здебелила две кила, не можам да поверувам колкав ми е стомакот, косата едноставно никако не ми застанува на место, дали е возможно мојата кожа да биде толку сува… Да, жените многу често се жалат за својот надворешен изглед. Речиси и да нема девојка или жена која не знае одвреме-навреме, ако не и многу почесто, да нагласи колку е несигурна во себе. Би помислиле дека само жените имаат проблем со самодовербата? Вистината е дека жените повеќе се жалат, но не значи дека мажите немаат никакви несигурности. Најчестите причини за пад на самодовербата кај мажитеЕве кои се најчестите несигурности кои мажите ги имаат за своите тела:

Влакната на телото

Мажите сакаат да изгледаат мажествено и да оставаат впечаток на силни момци, но тоа не значи дека уживаат да бидат вистински сведоци за потеклото од човеколиките мајмуни. На многу од мажите влакната им носат голема несигурност и проблеми со самодовербата. Доколку вашето момче очигледно го има овој проблем, покажете му дека не ви смета, или заедно најдете решение да се ослободи од нив, барем во денешно време тоа е лесно.

Неговата висина

Доколку девојката е ниска, секогаш може да облече високи потпетици, а и тоа не е некој голем проблем за девојките. Ниските мажи имаат поголем проблем, особено доколку се земе предвид фактот што речиси секоја „листа“ со критериуми на девојките започнува со посакувањето момчето да биде високо. Уште поболен е фактот што мажите нема што да направат во врска со тоа, освен доколку се одлучат на болна и скапа операција за да си додадат неколку сантиметри во висина.

Замислете како им е кога сакаат да им пријдат на високи девојки или како се чувствувале кога биле мета на задевања уште во основно одделение. Доколку момчето кое ви се допаѓа или вашиот дечко, има ваков проблем со самодовербата, покажете му дека тоа вам не ви пречи, секако доколку навистина е така. Плус, висината не е никаков критериум за тоа каков е дечкото и колку би биле среќни со него.

Стомачните мускули

Опседнатоста на мажите со нивните стомачни, е речиси слична на нашата опседнатост со целулитот. Мажите сакаат да ги имаат оние совршени стомачни на кои можеш да „рендаш кашкавал“ и на многумина од оние кои редовно посетуваат теретана, оцртаните стомачни мускули им се главна цел. Доколку воочите колкав проблем се стомачните за него, покачете ја неговата самодоверба докажувајќи му колку ви се допаѓа неговото тело, наместо да се онесвестувате пред слики од стомачните на Ченинг Тејтум.Најчестите причини за пад на самодовербата кај мажите

Неговата коса

Несигурностите во врска со изгледот на косата повеќе се случај кај жените, но и мажите ги имаат. Особено доколку почнува да губи коса или очекува да му се случи тоа поради гените во неговото семејство. Дечки, вистината е дека на голем број од девојките ова не им е никаков проблем. Напротив, многу девојки мислат дека таквата „фризура“ е секси и мажествена. Потсетува на јаки момци кои би нè заштитиле од сè… Плус, ретко кога момците во акционите филмови имаат нешто многу коса. Во ред е сè додека ние сме си задоволни со нашата коса, вашата и не е некој проблем.

Тежината

Тежината е причина за несигурност во себе и кај двата пола. Па и слатките и чоколадните торти се еднакво привлечни и за мажите и за жените. Можеби тој нема да ви се пожали вас или на неговите другари, но со сигурност ќе забележи промена во својот изглед која нема да му се допадне. И да, ќе проба да вежба или да внимава на исхраната, само разликата е во тоа што нема да цимоли за својата тежина.

Брадата

Влакната на лицето мажите ги доживуваат како показател на нивната машкост, па колку и да имаат не им е доволно. Овој проблем го искусуваат уште како тинејџери кога очајно го чекаат периодот кога ќе почнат да се бричат. Недоволниот број влакна на лицето може да им претставува трн во око и вистинска причина да немаат доволно самодоверба. Но она што би требало да го знаат е дека многу девојки кај својот партнер повеќе преферираат мазно лице отколку боцкава брада.

Должината на неговата машкост

Можеби една од најголемите причини за несигурност кај мажите. Самите слушнале безброј пати дека најважен е перформансот, но тоа не ги спречува да продолжат да се сомневаат дали имаат доволно сантиметри. Фактот што имаат навика да се споредуваат со други мажи, како оние од порно филмовите, воопшто не е олеснителен. Без разлика на големината, едноставно секој маж доживува периоди на несигурност.Најчестите причини за пад на самодовербата кај мажите

Парите

Оваа несигурност можеби не е директно поврзана со надворешниот изглед, но е честа појава кај мажите, само што не би ја признале. Доколку гледаме реално, парите во модерното време се важен фактор за многу работи, како и кога станува збор за романтичните врски. Нешто против што не можеме да се бориме е нивната перцепција за самите себе. Она примитивното не можеме да го искорениме од нив, уште во праисторијата мажот бил оној кој го снабдувал домот, па тоа им е како генетска предиспозиција. Чувствуваат потреба финансиски и материјално да бидат снабдени.

Сите ние сме луѓе и нормално е понекогаш да се чувствуваме несигурни во себе. Нема никаква причина зошто мажите би биле исклучок. Она што сите мора да го разбереме е дека секој понекогаш има падови на самодовербата, но пред да се трудиме веднаш да се промениме, треба да пробаме да се прифатиме себеси онакви какви што сме и да им дадеме поинаков поглед на нашите маани. Сепак никој не е совршен.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар