Најчестите машки лаги преку кои не смеете да поминете и оние кои се дозволени во врската
Една од тајните на најсреќните парови е таа дека партнерите не се брутално искрени еден спрема друг. Па така, мажите за да ја направат партнерката среќна, но и да се извлечат од непријатна ситуација, понекогаш знаат да излажат. Некои од тие лаги се сериозни и не смеете да ги занемарите, но некои се сосема безопасни.
Ако чуете некоја од овие 10 лаги што сега ќе ви ги претставиме, не мора веднаш да се загрижите затоа што тоа не значи дека вашиот партнер не ве сака или не е заинтересиран за вас, туку дека како и секое човечко суштество знае дека понекогаш е подобро да се каже лага отколку вистина. За разлика од белите лаги, постојат и оние поради кои можеби би било подобро да свртите нов лист и да продолжите понатаму. Во продолжение прочитајте кои се 10-те најчести лаги кои ги кажуваат мажите…
1. „Не гледам ниту една друга жена освен тебе“
Да бидеме искрени, само затоа што сме во врска не значи дека немаме очи, а тоа важи подеднакво и за мажите и за жените. Ако тој одвреме-навреме погледне некоја друга жена, тоа не е злочин и не значи дека не е доволно заинтересиран за вас. Тоа само значи дека забележал нешто привлечно на друга жена. Но, доколку сте во врска со маж кој гледа други жени и потоа ве споредува со нив, тоа е веќе проблем.
2. „Не, не гледам порно филмови“
Секој од нас во некој момент од животот погледнал порно филм, дали како љубопитен тинејџер, осамен маж, девојка која се досадува или пар кој сака да го зачини сексот… Но, не треба да се грижите дека вашиот партнер сака да ги проба работите кои ги гледа во филмовите за возрасни, како на пример секс во тројка. Истражувањата покажале дека поголемиот дел од мажите не сакаат да го преточат во стварноста она што го гледаат во порно филмовите.
3. „Обожавам да се дружам со твоите родители“
Во превод: „Твоите родители не се толку лоши, но кога би можел да избирам не би поминувал толку време со нив.“ И тоа е сосема нормално, затоа што во присуство на туѓи родители секогаш мора да бидеме повоздржани и не можеме да се опуштиме онака како што сме опуштени кога сме со нашите пријатели.
4. „Сакам да одиме полека“
Со други зборови: „Не сум спремен за сериозна врска, но би сакал да се гледаме без обврски.“ Кога мажот вели дека сака да оди полека, тоа обично значи дека вие за него ќе бидете жената број еден, но ќе ја остави вратата малку подотворена во случај да се појави друга подобра прилика. Односно, сака да оди полека затоа што не е сигурен дали навистина му се допаѓате. Треба воопшто понатаму да дискутираме? Кажете му збогум, не сте на закачалка.
5. „Толку си смешна!“
Смислата за хумор е една од најпривлечните карактеристики, па ако вашата смисла за хумор не е баш најсјајна, вашиот партнер ќе каже дека и оваа лага е доказ дека многу му значите. Една од причините што ве избрал токму вас е таа што му се допаѓа вашиот карактер и обожава да ве гледа како се смеете на работи кои не му биле толку смешни додека не сте се појавиле вие во неговиот живот.
6. „Не ти се јавив затоа што бев зафатен“
Суровата вистина е: „Не се јавив затоа што не сакав“. Да расчистиме еднаш засекогаш: Ако некому му значите, таа личност ќе најде начин да ви се јави, без оглед колку е зафатена. Вистинскиот маж ќе сака да разговара со вас за сè и да ви раскаже како му поминал денот, но и да чуе како поминал вашиот.
7. „Не знам зошто таа ми праќа пораки“
Мажите понекогаш сакаат да се преправаат како воопшто да не сфаќаат дека некоја жена е заинтересирана за нив. А кога друга жена постојано им праќа пораки, тие се прават божем не знаат зошто им ги праќа. Ако сте во ваква ситуација, време е да се соочите со него и да му дадете до знаење дека би требало отворено да ѝ каже на таа девојка да не му праќа повеќе таков вид пораки, затоа што е во врска.
8. „Никогаш не би те лажел“
Факт е дека сите лажат со добра намера, лоша намера и сè помеѓу. Треба да ги разликувате ситните, безопасни лаги од големите лаги. Обрнете внимание дали тој лаже само кога навистина верува дека тоа е за ваше добро или само колку да се извлече од непријатна ситуација.
9. „Ти готвиш најдобро“
Подобро и од мајка му? Можеби понекогаш тоа е навистина така, но некогаш сигурно не е, затоа што добро познато е колку мажите се приврзани за готвењето на мајка им. Па што има врска ако јадењето што сте го приготвиле не е највкусното на светот? Важно е дека е подготвено со љубов и грижа.
10. „Не, не си се здебелила“
Мажите знаат дека жените се чувствителни кога станува збор за нивната линија, па попрво би излажале малку и би кажале дека нивната партнерка не изгледа дебело, отколку да кажат дека навистина ѝ се гледа стомачето од фустанот. Партнерот всушност сака да ја заштити вашата самодоверба, па слободно прифатете ја оваа лага. На крајот на краиштата, сè додека нему му изгледате добро, туѓото мислење воопшто не е важно.