Најчестите изговори на луѓето кои одбегнуваат да вежбаат

Најчестите изговори на луѓето кои одбегнуваат да вежбаат

Сите ги знаеме придобивките од вежбањето и тоа не претставува никаков проблем за луѓето кои сакаат да се физички активни. Меѓутоа, за многумина, кои не се баш спортски тип, вежбањето не е најомилената активност. Поради тоа иако знаат дека корисно е да се вежба, овие луѓе ќе најдат секаков можен изговор за да го одбегнат тоа: Лоша генетика, нарушен хормонален баланс, проблеми со грбот и слично. Со други зборови тие не се виновни за нивната физичка неактивност, туку ја префрлаат вината на милион други работи. Но, за да се ослободите од вишокот килограми, морате да се ослободите и од секојдневните изговори. Секој е различен, па според тоа постојат различни изговори, но има неколку најчести кои сигурно им ги кажувате на луѓето кога ви е тешко да ослабете…

Најчестите изговори на луѓето кои одбегнуваат да вежбаат

Генетика

Веројатно воопшто немате лоши генетски предиспозиции. Тоа што имате проблем со тежината уште од прво одделение не е никаков доказ дека тоа е поради вашите гени. Понекогаш „лошата генетика“ треба да послужи како поттик да се трудите повеќе и да внимавате што јадете. Секако дека постојат одредени генетички причини зошто може да ви е тешко да ослабете, но додека не зборувате со доктор, не го користете тоа како изговор.

Време

Според голем број луѓе, причината зошто не можат да ослабат лежи во тоа што немаат време. Иако можеби ви се чини како вистина, тоа се чисти глупости. Сте чуле за изреката дека „Стомачни се прават во кујна“? Знаете зошто го велат тоа? Затоа што е целосно вистина. Она што го јадете има најголемо влијание на вашето здравје. За среќа, не мора да имате којзнае колку време за да се храните правилно. Одвојте малку време секој викенд за да подготвите здрава храна за целата недела и нема да имате за што да се грижите. Ќе имате време за она што ќе го ставите како приоритет. Време е здравјето да стане вашиот приоритет.

(2) Најчестите изговори на луѓето кои одбегнуваат да вежбаат

Возраст

Луѓето честопати се загрижени поради нивните години. Мислат дека ако се малку постари, не можат да вежбаат. Вистината е дека како што стареете, така ќе ви биде потешко да ослабете, но постојат многу начини на кои би можеле да останете во форма без разлика на тоа колку години имате. Најважно е да го слушате вашето тело и да не се форсирате. Со правилната исхрана и умереното вежбање ќе можете далеку да стигнете. Не дозволувајте бројката на вашите години да ве спречува во тоа да го остварите она што сте го замислиле.

Недостиг на мотивација

На луѓето што го користат овој изговор може да им се прости, бидејќи барем се искрени. Всушност ова можеби е најчестата причина зошто луѓето имаат проблеми со прекумерната тежина. Најтешкиот дел од процесот на губење килограми и одржување форма е да се најде и да се одржи мотивацијата. Таа е нешто на кое треба да работите секој еден за да останете упорни и да не се откажете. Правилниот начин на размислување несомнено ќе ви помогне да успеете во вашето фитнес патување.

Без разлика кој е вашиот изговор, најважно е да соберете сила да си го признаете и да се фатите за работа. Вежбањето ќе направи да се чувствувате прекрасно од надвор и од внатре, и не можете да одречете дека ќе го подобри квалитетот на вашиот живот. Единственото нешто што ви стои на патот сте самите вие и вашите изговори, така што не станувајте жртви на вашите сопствени мисли. Мотивацијата е најдобра ако ја негувате секој ден, и со текот на време ќе ви биде сѐ полесно да ја најдете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар