Најчести причини за опаѓање на косата кај жените

Најчести причини за опаѓање на косата кај жените

Секоја жена посакува да има цврста и густа коса, но дерматолозите забележуваат дека во последните десетина години голем број жени се жалат за опаѓање на косата уште во помладите години. Ова се најчестите предизвикувачи за пад на косата кај жените.

Најчести причини за паѓање на косата кај жените

1. Анемија

Ако, покрај опаѓањето на косата, чувствувате хроничен замор и малаксаност, можеби ви недостига железо. Појдете на лекар и направете крвна слика за да дознаете дали станува збор за анемија и дали треба да почнете со некаква терапија. Покрај лекарства, добро е почесто да јадете намирници кои изобилуваат со железо како цвекло, спанаќ, црн грав, како и црвени овошја.

2. Генетика

Понекогаш едноставно генетиката игра клучна улога. Погледнете каква коса имаат и имале вашите роднини од потесното семејство и можеби ќе го добиете одговорот. Доколку забележите дека станува збор за дел од вашиот генетски склоп, советувајте се со експерт кој ќе ви помогне да го ублажите опаѓањето на косата.

3. Стрес

Познато е дека стресните животни ситуации можат да предизвикаат пад на косата, но за тоа можат да бидат криви и секојдневните мали количества на стрес кои се таложат. Доколку наеднаш почнува да ви паѓа косата, размислете како живеете во последните 6 месеци.

Невозможно е целосно да го отстраните стресот од животот, бидејќи не секогаш зависи од вас, но пронајдете некоја активност која ќе ве развеселува, смејте се почесто, шетајте на чист воздух или простете му на некој на кој сè уште сте му бесни.

Најчести причини за паѓање на косата кај жените

4. Исхрана со премалку протеини

Жените кои случајно или намерно ги избегнуваат протеините, можат да патат од пад на косата. Дневно треба да внесувате 46 грама протеини и да се грижите барем поголем период од неделата да ја почитувате дозата.

5. Исхрана со премалку витамин Д и премногу витамин А

Новите генерации премногу се опседнуваат со консумирање витамини, но понекогаш премногу добри работи можат да бидат и лоши. Докажано е дека доколку премногу консумирате витамин А можете да предизвикате пад на косата, а истото можете да го предизвикате и со премалку консумирање на витамин Д. Решението би било да набавите таблети кои содржат витамин Д додека косата не ви се опорави и да го зголемите консумирањето на сок од портокал, лосос, печурки, јајца и производи од соја.

6. Начинот на стилизирање на косата

Голем број жени непотребно ја тегнат косата и со тоа предизвикуваат нејзино опаѓање. Затегнатите пунџи, агресивното чешлање со лоша четка, цврстите опавчиња, како и витлерите кои многу стегаат, можат да придонесат за пад на косата. Бидете внимателни.

7. Проблеми со темето

Ова е еден од најчестите предизвикувачи на пад на косата. Доколку, често ве чеша темето или доколку имате проблем со масен или сув првут, многу е важно што побрзо да се погрижите за проблемот за косата да може нормално да ви расте и темето да диши.

Масниот првут можете да го решите со добар шампон, додека сувиот првут, габите и останатите проблеми треба да ги решите со помош на професионалец. Доколку имате проблем со темето, никогаш не оставајте косата природно да ви се исуши и внимавајте убаво да го измиете шампонот од косата.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар