Најчести митови за убавината и разубавувањето

Најчести митови за убавината и разубавувањето

Цел живот слушаме совети од нашите мајки, пријателки и баби кои нè уверуваат дека некои методи за нега се исправни, додека други погрешни, но дали е тоа навистина така? Повеќето од нив се митови во кои ние целосно веруваме. Ги издвојуваме најчестите невистини кои некои од нас дури ги имаат прифатено како „светото писмо“.

najchesti-mitovi-za-ubavinata-i-razubavuvanjeto-kafepauza.mk

МИТ 1: „Кубењето“ на белите влакна прави тие да растат повеќе

Ова е тотален мит. Нашата коса побелува како што старееме и тоа е процес кој не можеме да го запреме. На некој тоа му се случува порано, на некој подоцна, но не постои личност на која нема да ѝ побелее косата. Често се случува, откако ќе го забележиме првото бело влакно, да ни се причинува како да ги има сè повеќе и повеќе. Всушност тоа е поради тоа што сега сме го „истренирале“ нашето око да ги забележува секојпат кога ќе се погледнеме во огледало.

МИТ 2: Бричењето ги прави влакната подебели и погусти

О, да дами. И ова е голем мит! Избричените влакна изгледаат подебели поради тоа што бричот го отсекува влакното само од површината на кожата, односно тоа не е целосно извадено од фоликулата. Заради тоа кога повторно ќе почне да расте, се гледа подебелиот дел и визуелно ни изгледа дека влакната станале подебели.

МИТ 3: Мајонезот е одличен регенератор

Всушност, тука има и вистина. Ако мајонезот е вистински, односно содржи вистинско масло и јајца, тоа го прави добар регенератор. Киселините и протеините добро ја негуваат косата.

МИТ 4: Ставањето мраз на кожата ги намалува порите

Не, не и не. За жал, ништо не може да ги намали порите. Големината на порите е резултат на генетиката, а не се менува под влијание на температурата нанесена на кожата. Факт е дека некои луѓе имаат помали, а некои поголеми пори.

МИТ 5: Пастата за заби ги суши акните

Пастата за заби содржи ментол и други активни состојки кои можат да ги исушат или намалат акните пред да дочекате тие „природно“ да исчезнат. Меѓутоа, истите тие состојки можат да ја исушат или изиритираат кожата на вашето лице, па подобро е да користите крем против акни.

МИТ 6: Со нанесување на пиво пред сончање може да добиете „златен“ тен

Не е вистина. Треба да избегнувате да излегувате на сонце без да нанесете крем со висок заштитен фактор, а пивото и не може баш да ви помогне. Како и поголемиот дел од работите така и ова е дел од генетиката. Некои потемнуваат лесно, а други пак изгледаат како рак веднаш штом излезат на сонце.

МИТ 7: Поради седењето со прекрстени нозе ќе добиете проширени вени

Не, нема да добиете. Сè уште не е откриен факторот зошто набабруваат вените на нозете. Седењето со прекрстени нозе нема да направи да добиете проширени вени, но ако веќе имате тогаш ваквото седење може да ги влоши.

МИТ 8: Вените отекуваат кога ги миете нозете додека сте уморни

Не, вените ви отекуваат затоа што нозете ви се уморни. Тоа е начин на кој телото се бори против заморот. Добро е кога сте изморени да ги ставите нозете во топла вода за да ја подобрите циркулацијата во долниот дел од телото и да го отстраните заморот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар