Најбрзиот чоколаден колач
Ви се најавиле ненадејно гости? Ви се јаде нешто благо, но немате време за приготвување торти и колачи? Ова е најбрзиот и најлесниот чоколаден колач кој некогаш воопшто ќе го направите.
Потребни состојки:
- 250 бисквити (може и чајни колачиња или друг вид колачи)
- 85 г несолен путер
- 400 г темно чоколадо со над 60% какао маса
- 180 мл хопла
Начин на подготовка:
Со мало парче путер намачкајте го долниот дел од правоаголното тавче. Покријте го со хартија за печење. Скршете ги бисквитите на мали парченца. Остатокот од путерот растопете го во мало тенџере. Кога ќе се стопи, ставете ја хоплата. Кога и хоплата ќе се загрее, ставете го чоколадото скршено на коцки. Мешајте со дрвена лажица за да се стопи чоколадото. Кога ќе добиете хомогена смеса, тргнете го од оган, ставете ги скршените колачи и измешајте за да се соедини сè. Смесата претурете ја во намрсениот и обложен со хартија калап и ставете го колачот да отстои во фрижидер 3 до 4 часа.
Пред да го сервирате, исечете го на подебели кришки.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
a nenajavenive gosti neka pocekaat edno 3-4 casa za da probaat
hahahaha tocno, bas na gostite pomisliv koga procitav deka kolacot treba da stoi 3-4 casa vo frizider, a demek brz kolac e 😀
Hahah navistina, ke go napravime brgu ama gostite mora 4 saati da cekaat za da go probaat ….. ah toj brz kolac… teshko deka postoi
се настрвиииифф :@ 🙁
za nenajaveni gosti nema kolaci
Go napraviv doma kolacov i izleze super….vkusno 😀
ke gi izbrkame nenajavenite gosti i ce im recime da dojdat posle 4 sati kako
nenajaveni pak
mmnogu e vkusno
Го правев неодамна и е превкусно, дома сите го бендисаа. За еден ден и го снема. 😀
Što e hopla?
dobro kako moze da ne znaes sto e hopla kade zivees?
Хопла е марка на слатка павлака 🙂
“Брз” е кажано во смисла дека брзо се прави, а ненајавените гости можат да поминат и со кафе, сок и купечки колачиња 🙂
dali hoplata treba da e matena?
Сум правела, сличен на тој, со ресана колачи, искршени на парчиња и со сечкани ореви, навистина е вкусно и брзо,.не се губи многу време и не се трупаат еден куп садови, не се пече, навистина економично!