Наградата за најпопуларна плетенка за 2018 година ѝ припаѓа на…
Не постои фризура што е попопуларна од плетенката. Таа е во нашите коси уште од детството, и без разлика колку се менуваме ние или светот околу нас, плетенката секогаш ќе биде тука да ни пружи еден вид константна во средина што постојано се менува.
Класичната плетенка, што ја знаеме и како француска, со години е на врвот. Таа е едноставна за правење и изгледа одлично – два клучни фактори поради кои таа толку долго го држеше првото место. Но, оваа година друга плетенка заслужено се избори за врвот на листата!
Станува збор за холандската плетенка, што меѓу блогерките е позната и како обратна. Таа е идеална за кежуал модните комбинации, како и за оние дами кои се љубители на бохо стилот. Па, ако ве привлековме со фотографиите, погледнете го и видео туторијалот во продолжение!
Обожавате плетенки? Погледнете ја и оваа брза и едноставна фризура!