Надежта последна умира. Како да останете оптимисти кога немате среќа во љубовта?

Надежта последна умира. Како да останете оптимисти кога немате среќа во љубовта?

Без разлика дали штотуку сте излегле од долгогодишна врска или пак сте имале низа од лоши состаноци, доаѓа период кога започнувате да мислите дека никогаш нема да го победите лошото чувство. Лесно може да станете нервозни, бидејќи знаете колку прекрасно може да биде во љубовта, па уште кога ги гледате вашите пријатели кои се среќни во нивната врска, работите стануваат уште потешки. Но, нема потреба да посегнувате по чоколада, чипс и излежување пред телевизорот (иако ова звучи како идеално излегување во петок). Поради овие 10 причини ќе останете полни со надеж, силни и оптимистични дури и кога сте несреќни во љубовта.

1-nadezhta-umira-posledna-kako-da-ostanete-optimisti-koga-nemate-srekja-vo-ljubovta-www.kafepauza.mk_

1. Сте сакале некогаш, може да сакате повторно. Ова е најважната работа што треба да ја запомните. Ако сте подготвени и отворени за нова врска, запомнете дека штом ќе ја запознаете вистинската личност целосно ќе се препуштите.

2. Само е прашање на време. Едно е точно, вие нема да бидете засекогаш сингл. Можеби сте започнале да се чувствувате фрустрирано и нервозно поради тоа, но токму тогаш ќе запознаете некој неверојатен. Никогаш не знаете на кого ќе налетате зад аголот.

3. Грижете се за себе. Да останете оптимистични е многу тешко ако не се храните здраво, не вежбате или пак ако немате здрав сон. Погрижете се да се грижите за себе. Плус признајте, да се има цел кревет за себе е супер.

4. Можеби утре ќе ја запознаете љубовта на вашиот живот. Можеби тој ќе се појави на некоја забава и ќе ви пријде. Ќе ги размените вашите телефонски броеви и ќе излезете на состанок. Никогаш не може да знаете кога тој ќе се појави.

5. Паузирајте. Помислата дека сте несреќни во љубовта нема додатно да ве инспирира, дури и кога сте решени да побарате нова љубов. Паузирајте некое време и бидете сами со себе. Месец-два е доволен период за да се почувствувате свежи и спремни за нов почеток.

2-nadezhta-umira-posledna-kako-da-ostanete-optimisti-koga-nemate-srekja-vo-ljubovta-www.kafepauza.mk_

6. Уживајте во тоа што сте сингл. Уживајте во тоа што можете да гледате серии, да одите во шопинг, да испланирате летување заедно со вашите пријателки…

7. Запомнете дека љубовта вклучува и потешкотии. Не е сè розово кога сте во врска. Може да има стрес, драма и смешни караници. Не гледајте на целата таа работа преку розови очила.

8. Уживајте во разговорите со вашите пријателки. Сите ние имаме лоши периоди, па тогаш сè што ни е потребно се неколку пријателки, омилениот бар и споделувањето на смешни ситуации кои ни се случиле. Знаете дека силните пријатели се претвораат во најдобри пријатели, па затоа потпрете се на нив во овој период.

9. Испланирајте викенд надвор од градот. Можеби сте сингл, но сè уште ги имате вашите пријатели. Испланирајте викенд надвор од вашиот град. Тоа патување ќе ве потсети дека не е сè во тоа да принајдете момче, но исто така ќе ви помогне да ја разбистрите вашата глава. Кога ќе се вратите дома ќе бидете подготвени за нов почеток.

10. Договорете состанок кога ќе бидете подготвени. Вратете се во форма така што ќе поканите некого на состанок или пак вие ќе ја прифатите поканата. Доколку вашиот оптимизам е краткотраен – понекогаш тоа трае само до моментот кога ќе пристигнете во барот и ќе сфатите дека момчето не е она што сте го очекувале – тој сепак биде доволен за да ви даде поттик да се вратите во игра.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар