Начинот на кој почестото јадење прави да изгледате подобро
За многумина од нас, диетата е нешто што звучи како казна. Кога ќе се спомене овој збор, најчесто секој помислува на откажување од слатки работи и друг вид храна во која сте уживале, изгладнување и јадење само здрави производи. Но, секако дека тоа не е точно. Според Мишел Адамс Арент, консултант за спортска исхрана, диетата не значи да го ограничувате внесувањето на храна, туку правилно да ги распределите оброците во текот на денот. Откријте ја тајната на здравата исхрана која ќе ви помогне да ослабете без да се откажете од она во што најмногу уживате.
Колку често треба да јадете?
Различни диети покажуваат различни начини за тоа што треба да јадете, а што да избегнувате. Некои од нив препорачуваат да се откажете од пржената храна и слатките работи, додека пак други бараат да јадете само протеини или овошје и зеленчук. Сите овие лишувања од одреден вид храна, на некој начин може да ви предизвикаат штета, ако не физички, тогаш ментално. Всушност, не е толку важно колку јадете, туку кога го правите тоа. Вашето тело е создадено така што секогаш кога ќе јадете еден оброк, добивате одредена количина енергија. Ако оваа енергија не се потроши во времето кога би требало, таа се претвора во масти и се акумулира во телото. Но, доколку јадете помали оброци кои нема да ве држат сити подолго време, тогаш вашето тело нема да ги сочува мастите од тие оброци. Како резултат на тоа, можете да јадете што сакате (во границите на нормалата, се разбира) и да не добиете вишок килограми.
„Иако може да изгледа чудно, јадењето 6 оброци на ден е подобро за да ја регулирате вашата тежина, отколку да јадете само 3 оброци“, вели Мишел.
Кога на секои неколку часа ќе јадете по помала количина, вие ќе апсорбирате покорисни материи од храната и вашето тело ќе сака да изгуби тежина. Како и да е, квалитетот на вашата храна секако е важен… Вие секако нема да станете поздрави ако јадете шест хамбургери на ден. Па, бидете сигурни дека консумирате и повеќе здрава храна, како што е овошјето и зеленчукот. Ако сакате да го пресметате сѐ она што го консумирате, погледнете ја оваа табела што ќе ви помогне да одредите колку јаглехидрати, масти и протеини треба да консумирате секој ден за да останете здрави и во добра форма.
За да пресметате колку калории треба да внесувате дневно, помножете ја вашата сегашна тежина со 25 (ако сте жени) или со 28 (ако сте мажи). Имајте на ум дека ова е минималното ниво на калории кое треба да го внесувате во вашето тело доколку не вежбате ништо.
„Нема ништо ново во оваа теорија“, вели Мишел. „Многу луѓе не разбираат како може да јадат сѐ што ќе посакаат и сѐ уште да го имаат телото за кое сонуваат. Тоа е причината зошто тие го ограничуваат внесувањето на храната или пак гладуваат целосно. Се разбира, понекогаш треба да се борите со искушението за да изедете уште едно колаче, но со сигурност нема да бидете гладни.“