Начини на самоодбрана за жени

Начини на самоодбрана за жени

Многумина мислат дека доколку стојат подалеку од темни улички и лошо друштво, нема да им се случи ништо страшно. Неточно! Злочин може да се случи секаде, во кое било време. Насилниците, своите жртви ги одбираат најчесто според надворешниот изглед, а неретко тоа се девојки кои изгледаат слабо, плашливо, неподготвено.

Начини на самоодбрана за жени

Уличниот криминал е честа појава, а во најголем број случаи жртвите се девојки и жени. Затоа важно е секоја девојка да ги знае основните потези за самоодбрана. Ноел Џаиро, заедно со својот сопруг држи часови за самоодбрана и издава дивидија со вежби. Многу важно е тоа што напаѓачот најчесто не очекува жртвите да се бранат и затоа мора да биде изненаден.

Лесни жртви се оние кои паничат и губат контрола врз ситуацијата. Клучно е да останете свесни и прибрани, да изгледате како да сте подготвени на сè, само да се одбраните. Комуницирајте со напаѓачот, пробајте да дознаете што сака од вас и без закани пробајте да го залажете и да му го одвлечете вниманието.

Жените можеби се физички послаби, но клучот е во брзото и паметно размислување, а не во силата. Погодете ги неговите најслаби точки. Очите, вратот и препоните често се оние места каде што противникот е најосетлив. Напаѓањето на стомакот и колената можеби нема да нанесат тешка повреда, но со сигурност ќе ви помогне во напаѓањето на слабите точки. Во овие три видеа, ќе научите неколку основни потези за самоодбрана.

Како да му зададете силни удари?

Како да избегнете напад со нож?

Како да се ослободите кога некој ве дави?




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар