Начини на кои анксиозноста ви го прави животот потежок отколку што треба да биде
Анксиозноста станува сè посериозен проблем со кој се соочуваат многу луѓе. Ова нарушување може значително да го намали квалитетот на животот и да ви попречува и во наједноставните дневни обврски. Погледнете на кој начин анксиозноста го прави вашиот живот потежок отколку што треба да биде.
1. Страв ви е од настани за коишто треба да се радувате. Домашни забави, родендени, први состаноци… Знаете дека треба едвај да чекате да дојдат овие настани, но наместо тоа чувствувате само стрес. Што било што вклучува социјализирање ви предизвикува анксиозност.
2. Се однесувате дрско дури и кога не сакате. Кога сретнувате нови луѓе, тивки сте. Кога сте во група, тивки сте. Кога имате тежок ден, тивки сте. Често луѓето ја гледаат вашата тишина како неучтивост. Претпоставуваат дека им судите, кога всушност вие го мислите истото за нив.
3. Несакајќи ги губите пријателите. Не сакате да им сметате на пријателите, па никогаш не им пишувате први и не ги викате да одите негде. Тие не сфаќаат колку многу ви значат бидејќи никогаш не им кажувате. Изгледате како далечна личност само затоа што не сакате да изгледате зависни од нив.
4. Во последен момент ги откажувате плановите. Не можете секогаш да предвидите дали ќе бидете расположени за средба следната недела. Дури да дојде денот за средба, вашата анксиозност најверојатно ве натерала да ги замислите сите најлоши сценарија, па на крај повеќе сакате да останете дома наместо да ризикувате да направите грешка во јавноста.
5. Испуштате возбудливи можности. Сметате дека нема да ви ја зголемат платата, па воопшто не прашувате. Сметате дека нема да го издржите патувањето сами, па воопшто не тргнувате. Секогаш останувате во вашата удобна зона.
6. Трошите многу време со претераното размислување. Уште пред да започнат вашите планови, вие веќе размислувате што би можело да се случи. Никогаш не си дозволувате да се релаксирате и секогаш сте напнати. Ја предвидувате иднината или мислите за минатото, наместо да живеете во сегашноста.
7. Се чувствувате неудобно дури и кога нема за што да се грижите. Понекогаш анксиозноста се појавува од никаде. Немате никакви состаноци или проекти, но вашето срце чука забрзано. Анксиозноста може да го уништи и најмирниот ден.
8. Дозволувате да ве користат. Не сакате конфликти, па никогаш не кажувате што ви пречи. Подобро ви е да трпите во тишина. Но бидејќи личноста што ве повредува можеби не го знае тоа, ќе продолжи со лошото однесување.
9. Имате проблеми со спиењето. Анксиозноста може навистина да ви го наруши распоредот. Може да ви биде тешко да се наспиете кога вашиот ум не сака да замолчи. Наутро не можете да сработите колку што сакате бидејќи сте уморни.
10. Премногу се грижите за физичкиот изглед. Не сте плитки кога станува збор за другите луѓе, но кога вие сте во прашање сметате дека секогаш треба да изгледате совршено. Нема да го напуштите домот со несредена коса и нема да објавите лоша фотографија од вас. Загрижени сте дека другите ќе гледаат во вас или дека ќе ви се смеат зад грб.
11. Не можете да уживате во убавите моменти дур траат. Премногу сте загрижени како ќе заврши нешто. Навикнати сте на мизерија наместо на среќа.
12. Се критикувате секојдневно. Мразите што не можете да се социјализирате. Се чувствувате како да немате пријатели. Чувствувате како да немате ништо. Не си давате доволно признание и постојано се мразите и немате воопшто време да си покажете љубов.
Погледнете и зошто анксиозноста ги отежнува врските.