Претходно
Набрани здолништа – совршени за секоја пригода
Пролетен тренд кој оваа година не смеете да го прескокнете е набраното здолниште. Пред сè, набраните или здолништата со фалти, се вклопуваат во секаква пригода, доаѓаат во различни бои и должини, лесно се комбинираат со различни аксесоари, а може да ги носите на рамни обувки, но и на високи потпетици. Овие здолништа одговараат на повеќе форми на женското тело, а воедно се одлични за високите температури кои ни претстојат.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.