На повидок е нов тренд: Плетенка наместо патец

На повидок е нов тренд: Плетенка наместо патец

Најновата тренд фризура којашто се очекува да ги преплави социјалните мрежи е плетенката на средина на главата, односно на местото на патецот.

Модната блогерка и трендсетерка, Кијара Ферани, била првата која го започнала овој тренд кога на својот Инстаграм профил ја споделила својата нова фризура. Плетенката е тенка и се протега по целата должина на главата, а остатокот од косата останува пуштен. Освен Кијара, овој тренд ѝ се допаднал и на актерката Кејт Босвор, па на фестивалот „Coachella“ којшто се одржа минатата година, исто така носела ваква плетенка.

Се чини дека оваа година плетенките стануваат вистински тренд во фузиите, а на нас останува да видиме дали токму оваа плетенка на средина на главата ќе успее подолго да опстане.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар