На овој начин пропаднатата врска нѐ учи да започнеме да се почитуваме себеси

На овој начин пропаднатата врска нѐ учи да започнеме да се почитуваме себеси

Дадовте сè од себе, одевте до крај, го допревте дното. Се најдовте во најнесреќната ситуација која љубовта може да ја приреди – вие го сакавте него, тој ве сакаше вас, но не успевате да бидете заедно. Се обидовте многу пати, но секој пат она што беше убаво и ве поврзуваше, се губеше во споредба со глупостите што ви се случуваа. Дали глупоста е појака и поголема од љубовта? Па, одговорот на ова прашање спаѓа во лекцијата за самодоверба.

1-na-ovoj-nachin-propadnatata-vrska-ne-uchi-da-zapochneme-da-se-pochituvame-sebe-www.kafepauza.mk_

1. Ќе можете без него, но без себе никако

Веќе се изморивте од борбата за љубов. Престанавте да јадете и да спиете, а сè што чувствувате е болка – само по неа знаете дека сте живи. Може ли да се умре од љубов? Само ако се откажеме од себе, а тоа не е чин на љубов. Без партнерот, дури и ако тој е љубовта на вашиот живот, ќе можете да живеете, да се радувате, да напредувате и да созревате, ќе можете да сакате. Но, без себе нема да можете ништо.

2. Не мора секогаш да одите до крај

Престојот на дното нѐ уверува дека сме дале сè од себе и дека ете и понатаму се обидуваме да исцедиме сѐ што имаме до последната капка за да си бидеме чисти пред самите себе. Но, следниот пат нема да ни биде потребно толку многу трошење и напрегање, само за нашата совест да биде чиста. Давањето сè од себе не значи дека за нас не треба да остане ништо. Самодовербата наредува да ја поставиме границата многу погоре од дното.

3. Глупоста е сила на егото

Ако веќе сте искусиле како глупоста ја уништува љубовта, тогаш сте сфатиле дека тука не станува збор за љубов. Барем не двострана. Глуп е оној чие его е поголемо од срцето. А тоа е чест случај кај мажите. Тие попрво би ја изгубиле љубовта – инаку идеална прилика да го надминат егото – отколку да си дозволат да ја изгубат илузијата за својата способност да се издигнат над љубовта.

Единствената моќ што ја има егото е да ја избрка љубовта. Вие не можете да направите ништо, освен да гледате и да се прашувате зошто е тоа така. Бидејќи чувствувате и знаете дека тоа не мора да биде така и дека сè може да се поправи, сфати, научи и надмине. Одлично е што вие така мислите, бидејќи знаете дека вие можете. Држете се до таа ваша моќ, бидејќи моќта на глупоста единствено можете да ја сожалувате.

2-na-ovoj-nachin-propadnatata-vrska-ne-uchi-da-zapochneme-da-se-pochituvame-sebe-www.kafepauza.mk_

4. Љубовта бара надминување на егото

Сега кога сте сигурни дека е така, нема да дозволите глупоста да ве искине на парчиња. Ќе го барате оној кој го знае истото што и вие. Бидејќи само така љубовта може да победи. Во сите останати случаи победува глупоста. Секако, може да се случи таа личност никогаш да не ја пронајдете. Но, вие веќе знаете дека вашата љубов не зависи од никој друг освен од вас самите. Не мора да бидете сакани од страна на некој маж, за вашиот живот да биде исполнет со љубов.

5. Невозможно е да го дадете она што го немате

Многу малку луѓе се во состојба да го дадат она најдрагоценото. Бидејќи не поседуваат драгоцености, туку евтини копии со кои гордо парадираат како да го поседуваат најголемото богатство на светот. Ако имате вистински бисери за давање, тогаш сте богата личност. Човечноста ви вели да ги делите бисерите со сите, но мудроста ве учи дека бисерите можат да ги ценат само добрите познавачи. Кога ќе научите да се самопочитувате, избирате мудрост, која е многу посупериорна во однос на обичната човечност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар