На личната карта изгледате како дух? Со помош на овие трикови ќе изгледате одлично...

На личната карта изгледате како дух? Со помош на овие трикови ќе изгледате одлично…

Фотографирањето за службени документи, како личната карта, возачката или пасошот за многумина е ноќна мора. На овие фотографии сите ние изгледаме ужасно, па токму затоа и најлошото нешто е што мораме со години да гледаме во нив. За среќа, професионалните фотографи тврдат дека постои начин на кои можете да испаднете добро. Погледнете како…

На личната карта изгледате како дух? Со помош на овие трикови ќе изгледате одлично...

Подгответе го вашето лице и навалете ја главата

Колку глупаво и да ви изгледа, добрата поза може да биде научена. Бидејќи не станува збор за селфи фотографија каде што можете да следите како изгледате додека се местите, мора однапред да знаете кои ви се добрите страни. Токму затоа застанете пред огледалото и обидете се да ја најдете онаа позиција во која изгледате најдобро. Откако ќе го сторите тоа, обидете се да ја рекреирате така што ќе се фотографирате без да гледате во екранот. Исто така, додека ве фотографираат, обидете се да се опуштите и малку да ја навалите главата на страна така што ќе гледате околу 10-тина сантиметри над објективот.

Одбирањето бои е клучно

Вие треба да ги одберете соодветните бои според вашите очи и коса, дури и ако фотографиите се црно-бели. Оние кои имаат зелени и сини очи, со светла коса, најдобро е да одбираат темна облека, особено црна. Побледите луѓе треба да одберат жолта, светло зелена или сина боја. Оние кои имаат темна коса и кафеави очи, на фотографиите ќе изгледаат многу подобро доколку носат светли бои, особено бела или крем. Ако неодамна сте биле на одмор и сте добиле тен, или пак имате природно маслинова кожа, тогаш најдобро е да одберете црвени или други силни бои.

Нагласување на цртите на лицето

Ова правило е едно од најважните кога станува збор за црно-бели фотографии, но нема да ви биде на одмет доколку го знаете и кога се сликате во боја. Основното правило е матирање – сјајот на кожата многу лесно се забележува на фотографијата. Мажите исто така можат да посегнат по малку пудра во прав, додека за нивните партнерки ќе биде од голема помош и нежното руменило на нивните образи. Жените, покрај образите, исто така треба да ги нагласат и своите веѓи, па токму затоа не штедете со маскарата бидејќи очите се највпечатливиот дел од фотографите. Имајќи го тоа на ум, избегнувајте сенки за очи.

Фризурата им помага на жените

Мажите го немаат овој избор, но поголемиот дел од жените можат да се одлучат дали да ја пуштат или врзат својата коса. Но, дури и ако мислите дека подобро ви стои косата во опавче или пунџа, експертите советуваат да ја пуштите слободна. Таа ќе го урами вашето лице и ќе направи да изгледате многу подобро. Не заборавајте да ја измиете претходниот ден со цел да не ви „бега“ на сите страни.

Соработувајте со фотографот

Ако станува збор за друг документ, како фотографија за виза, која треба да ја направите во посебно фото студио, тогаш имате малку поголема слобода при изборот. Но, сепак поголемиот дел од луѓето кои доаѓаат во студиото за фотографирање гледаат што побрзо да си заминат. На овој начин не му олеснувате на фотографот, ниту пак на себе. Фотографите сакаат да соработуваат со вас, бидејќи ако завршат добра работа сигурно ќе ги препорачате, па токму затоа се и отворени за предлози од ваша страна. Исто така слободно можете да ги прашате што тие мислат за вашата позиција со цел да ја изберете најдобрата фотографија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар