На кој начин високите температури влијаат врз менталното здравје?

На кој начин високите температури влијаат врз менталното здравје?

Не смееме да заборавиме дека зголемувањето на температурата влијае не само на нашето тело туку и на нашето ментално здравје. Истражувањата покажале дека високите температури меѓу другото, силно влијаат и на нашите когнитивни способности и расположение.

На кој начин високите температури влијаат врз менталното здравје?

Како резултат на порастот на температурите, нашиот организам се соочува со покачени нивоа на кортизол, што од друга страна придонесува да бидеме раздразливи и немирни. Парасимпатичкиот нервен систем, кој го одржува нашето тело смирено, станува помалку активен на повисоки температури, што нè прави поподложни на стрес.

За време на топлотните бранови, менталните проблеми се интензивираат

Вообичаените ефекти на високите температури врз менталното здравје вклучуваат чувство на летаргија, несоница, зголемена раздразливост, лутина, анксиозност, депресија и стрес. Иако овие психолошки одговори може да изгледаат краткотрајни, тие можат да имаат долгорочни последици. Бројни истражувања покажале дека последиците можат да бидат разноразни како злоупотреба на супстанции, нарушувања на расположението и појава на шизофренија.

Високите температури ја намалуваат нашата продуктивност

Температурните скокови можат да влијаат и на сонот и да го нарушат функционирањето на невротрансмитерите во мозокот, кои директно влијаат на нашите когнитивни способности и продуктивност на работа, училиште и дома. Едно истражување покажало дека продуктивноста на работното место е највисока при температура на воздухот од околу 22 Целзиусови степени, додека продуктивноста почнува да опаѓа на 25 степени.

Не заборавајте да пиете доволно вода

Иако сите го знаеме ова, вреди да се напомене дека е важно постојано да се земаат течности, бидејќи тоа може да помогне при ублажувањето на ефектите од високите температури врз менталното здравје. Дехидрацијата е честа појава за време на периоди на екстремни температури и може да ги влоши менталните проблеми. Многу луѓе не пијат течности кога многу се потат или поминуваат време на отворено. Одредени лекови, исто така, може да придонесат или да ја влошат дехидрацијата.

Дури и еден степен може да ја влоши депресијата и анксиозноста

Мораме да сфатиме дека климатските промени влијаат не само на животната средина туку и на нашето физичко и ментално здравје. Една неодамнешна студија покажала дека зголемувањето на температурата за само еден степен може да ги влоши депресијата и анксиозноста и да ја зголеми стапката на самоубиства.

Откако прочитавте како ни влијаат високите температури, можеби ќе сакате да прочитате и која е највисоката температура што човечкото тело може да ја поднесе.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар