На кој начин можете да ѝ ставите крај на опседнатоста со совршенството?

На кој начин можете да ѝ ставите крај на опседнатоста со совршенството?

За многумина откажувањето од совршенството може да биде тешко и предизвикувачко патување, но дефинитивно не е невозможно. Доколку сте перфекционист, голема е веројатноста дека не само што се чувствувате преоптоварени од барањата што си ги поставувате сами на себе туку се чувствувате оптоварени и од сè поголемите очекувања на луѓето околу вас. Сепак, никогаш не им дозволувате на другите да ја видат вашата борба бидејќи се плашите да им ги покажете вашите слаби страни. Сигурно досега сте сфатиле дека желбата за перфекционизам може сериозно да го наруши вашето ментално здравје и да ви влијае и врз расположението… Еве на кој начин можете да му ставите крај на стравот од неуспех и на стравот од фактот дека не можете секогаш да бидете на врвот.

На кој начин можете да ѝ ставите крај на опседнатоста со совршенството?

1. Станете свесни за вашата опседнатост со совршенството

Веројатно уште во детството сте ја создале сликата за личност со совршен изглед која ви служела како штит од туѓите прекори и осудувања. Запомнете дека доколку не направите ништо за да го промените тоа и доколку не се обидете да се вратите на вашата вистинска природа ќе се чувствувате многу осамено.

2. Посветете им се на промените, но со разумно темпо

Вашиот страв од промена може негативно да ви влијае врз начинот на кој носите одлуки, па затоа обидете се да не избрзувате со вашите одлуки. Не заборавајте дека промената треба да биде постепена.

3. Соочете се со стриктните правила кои сè уште ги следите

Запрашајте се дали постојат правила кои на некој начин го спречуваат вашето автентично „јас“ да се истакне од типот „никогаш не можам да покажам лутина“ или „ не можам да дадам отказ додека не заврши работата“.

Откако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да прочитате и дека треба да живеете онака како што сакате, а не да се стремите кон совршенство.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар