На кој начин може да се влоши депресијата?

На кој начин може да се влоши депресијата?

Дали се соочувате со влошување на депресијата? Доколку постојано сте опседнати со депресивни мисли дури и ако се обидувате да ги одбегнете, можеби е време да размислите за менување на вашите секојдневни навики.

На кој начин може да се влоши депресијата?

1. Често ја избегнувате дневната светлина

Дали знаевте дека недостатокот на Д витамин може значително да ја влоши депресијата? Витаминот Д кој го примаме преку сончевите зраци ги зголемува нашите хормони за среќа и ја подобрува нашата целокупна благосостојба. Така, доколку сакате да ги истуркате депресивните мисли доволно е да излезете на прошетка и да уживате во денот.

2. Нарушено спиење

Нередовното спиење е уште една причина за влошување на вашата депресија. Освен тоа, недоволното спиење не само што може негативно да влијае врз вашето расположение туку тоа може сериозно да му наштети на вашето ментално здравје.

3. Изолација и избегнување социјални интеракции

Луѓето кои се борат со депресија честопати се изолираат од своите сакани и избегнуваат секаков вид на социјална интеракција. Тие честопати чувствуваат дека се товар за другите и дека непотребно им го окупираат времето или дека понекогаш не чувствуваат потреба од разговор. Но, оваа самонаметната изолација е една од причините за влошување на депресијата. Ние сме по природа социјални суштества и затоа ни е неопходен одреден социјален контакт за да се чувствуваме подобро.

4. Јадење нездрава храна

Понекогаш ни се чини дека единствениот начин да се утешиме во моментите на очај е нездравата, брза храна полна со маснотии. Сепак, не треба да заборавиме дека здравата и урамнотежена исхрана е многу подобар и поздрав начин за подобрување на нашето расположение.

Откако прочитавте на кој начин може да се влоши депресијата, можеби ќе сакате да прочитате и за раните симптоми на депресија кои не смеете да ги занемарите.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар