На кој начин хормоните влијаат врз вашата исхрана?

На кој начин хормоните влијаат врз вашата исхрана?

Ако едноставно не можете да ги контролирате вашите навики во исхраната, можеби за тоа се виновни вашите хормони. Затоа, во продолжение прочитајте на кој начин хормоните влијаат врз вашата исхрана.

На кој начин хормоните влијаат врз вашата исхрана?

Мелатонин

Еден од начините на кои хормоните влијаат на вашите навики во исхраната е начинот на кој спиете. Мелатонин е хормонот што вашето тело го лачи ноќе и наутро. Ви кажува кога да заспиете и кога да се разбудите. Ако имате несоница и јадете доцна навечер при што се зголемува вашата телесна тежина или не можете да останете будни, веројатно имате ниско ниво на мелатонин. Лесно е да се реши овој проблем. Сè што треба да направите е да купите додаток од 3 mg или 5 mg и да го земате секогаш кога сакате да спиете. Тој е сосема безбеден за употреба и нема да имате никакви несакани ефекти наутро.

Лептин

Лептинот е хормон кој вашето тело го произведува на природен начин и кој всушност му овозможува на вашиот мозок да знае колку масти имате и дали треба да внесувате повеќе. Клучната работа за лептинот е дека различни работи влијаат на тоа како овој хормон комуницира со вашиот мозок. Кога нивото на лептин се зголемува, вашиот апетит се намалува, а кога нивото на лептин се намалува, вашиот апетит се зголемува. На кој начин можете да утврдите дека вашиот организам располага со доволно лептин? Треба да знаете дека лептинот всушност му помага на вашето тело да согорува масти, главно преку термогенеза, што е начин на загревање на телото за согорување калории, главно преку вашите мускули. Многу луѓе развиваат отпорност на лептин поради лошата исхрана или недостаток на вежбање и сон. Значи, за да бидете сигурни дека нивото на лептин е нормално, важно е да вежбате секојдневно, да јадете намирници со низок гликемиски индекс и да бидете сигурни дека спиете 8 часа секоја вечер. Секоја од овие работи гарантира дека лептинот се произведува правилно. Имајте на ум и дека исхраната богата со шеќери и преработени масти или рафинирани житарки предизвикува отпорност на лептин.

Грелин

Овој хормон му укажува на вашиот мозок кога треба да престане да согорува калории и кога треба да складира енергија како маснотии. Важно е да спиете доволно секоја вечер, бидејќи кога спиете, нивото на грелин се намалува во телото со оглед на тоа дека на телото му треба помалку енергија во овој период. Ако не спиете доволно долго или доволно добро за да влезете во длабок сон, вашето тело ќе произведе премногу грелин. Ова му кажува на вашето тело дека е гладно кога навистина не е, и дека му требаат повеќе калории, иако не е така. Значи, престанува да согорува калории бидејќи смета дека вашето тело има недостиг од калории и дека треба да ги складира наместо да ги согорува. Нормалното ниво на овој хормон во организмот можете да го воспоставите со доволен сон од најмалку 7 часа.

Инсулин

Многумина од вас досега слушнале за ефектите на инсулинот врз нивото на шеќер во крвта. Улогата на инсулинот врз телото е ефикасно да ја користи гликозата за енергија. Кога јадете оброк богат со масти или шеќер, нивото на инсулин брзо се зголемува при што овозможува побрзо апсорбирање на гликозата од маснотиите и шеќерот во мускулните ткива која може да се користи како енергија. Кога нивото на инсулин се зголемува, тој паѓа исто толку брзо веднаш потоа или во рок од 30-40 минути. Кога тоа ќе се случи, го оптоварува црниот дроб и ве остава уморни и без мотивација. Очигледно, можете да видите како со текот на времето, ова може да предизвика зголемување на телесната тежина. Тоа значи дека ако продолжите со исхрана богата со масти и шеќер, мастите полесно ќе се складираат во телото со многу побрзо темпо. Ова го менува нивото на шеќер во крвта и автоматски ќе почнете да копнеете за храна богата со масти и шеќер, само за повторно да ги зголемите нивоата на енергија, почнувајќи го целиот циклус од почеток.

Откако прочитавте за влијанието на хормоните врз вашата исхрана, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 намирници лошо влијаат врз женските хормони.

Извор: allwomenstalk.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар