На кафе со Александра Спасеска – Везилка

На кафе со Александра Спасеска – Везилка

Автор: Софија Сионова

Кафето, со неговата силна арома и вкус освен што има моќ да ве расони и да ве подготви за предизвиците со кои треба да се справите во денот, може и да ви донесе добро друштво за муабет. Случајно, додека се шетавме од ревија на ревија на модната недела, налетавме на блогерката Александра Спасеска, или за македонската јавност и обожавателите на модата, само Везилка, која одвои малку време за едно топло кафенце и пријатен разговор со нас.

1-na-kafe-so-aleksandra-spaseska-vezilka-kafepauza.mk

1. Што ве привлече кон модното блогирање?

Модата секогаш била моја голема страст и составувањето модни приказни ми е вистинско уживање и начин за изразување на креативноста и индивидуалноста. По неколкугодишно следење на светските и регионалните модни блогерки почувствував дека е дојдено времето ваквите онлајн модни дневници да дојдат и кај нас. За кратко време блогерската заедница се прошири и најдов прекрасни девојки со кои заедно ја споделуваме љубовта кон модата и стилот.

2. Што видовме и на FWSK?

Модниот викенд Скопје е најголемиот ваков настан кај нас и сум пресреќна што веќе три сезони имам можност да го следам од првите редови. Моите фаворити Ирина Тошева, Бобан Илиевски и Стефанија Насеска ги надминаа моите очекувања за претстојната сезона пролет/лето и понудија парчиња што можам да ги замислам на нашите улици. Вистинско освежување беше Оливера Штакоска со нејзините етно мотиви и мислам дека веќе си најде своја публика кај нас.

3. Кој ви е омилен тренд сезонава?

Обожавам здолништа и фустани и пак навивам за ѕвонестите модели во А-линија со висока половина, а сакам да видам и широки шорцеви од лесни, природни материјали (иако јас со мојата градба не би ги носела). Сандалите на висока дрвена потпетица во комбинација со тенки чорапчиња до глужд е контроверзна, но јас ја сакам и ќе ја носам оваа сезона. Неизбежни ќе бидат и поексцентричните очила за сонце со додатоци.

4. Кое парче најмногу обожавате да го носите?

Волуменозни миди здолништа. Во секое годишно време, во сите бои и со цветни дезени.

4-na-kafe-so-aleksandra-spaseska-vezilka-kafepauza.mk

5. Хоби освен модното блогирање?

Пишувам поезија, чувам четири мачки и се обидувам да ја одржам градината во живот.

5-na-kafe-so-aleksandra-spaseska-vezilka-kafepauza.mk

6. Дали некогаш сте направиле модно промашување?

Кој не направил нека го фрли првиот камен (хахаха). Израснав во 90-тите и тогаш се носеа маички со флуоресцентни детали. Имав 3-4, признавам. Кога ја зголемив тежината малку се борев со збогувањето со тесните фармерки, ама сега не помислувам да ги облечам.

7. Кој ви претставува најголема инспирација?

Кога станува збор за стилот, Одри Хепберн и Грејс Кели. Ѕвездите на златното доба на Холивуд во 50-тите и 60-тите. А во животот, драгите пријатели и семејството.

8. Кој ви е омилен дизајнер од Македонија, а кој од светот?

Ирина Тошева е беспрекорна во изработката, да сум повита би носела сè што прави! Ги обожавам здолништата од новите колекции на Стефанија Насеска и АТАМИ. Ги сакам постарите колекции на Дона Каран и секако Мијуча Прада и Алберта Ферети.

6-na-kafe-so-aleksandra-spaseska-vezilka-kafepauza.mk

Креација на Ирина Тошева

9. Парче што никогаш не би го облекле?

Мрежести хулахопки. И чевли со kitten штикла.

10. Кога би требало животот да го поминете во само една комбинација која би била таа?

Оваа.

7-na-kafe-so-aleksandra-spaseska-vezilka-kafepauza.mk


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар