„Must do“ листа за девојки до 25 години
Сите ние го искусуваме животот на различен начин и секоја од нас си има свои планови и очекувања. Но, ова се работите кои секоја девојка треба да ги искуси до својата 25-та година од животот. Некои се можеби банални и навидум небитни, други се од животна важност, но едно е сигурно – секој треба да се труди да извлече најмногу од тоа што му го нуди животот, но пред сè, да створи убави спомени кои се непроценливи.
1. Да има завршено високо образование.
2. Да има работено каква било сезонска работа.
3. Да има направено сопствена фотосесија, макар со фотограф-аматер.
4. Барем еден нејзин труд да биде јавно објавен.
5. Да има 5-10 пара чевли кои ги обожува.
6. Да има искусено сериозна љубовна врска.
7. Макар еднаш да замине на одмор надвор од државата со своите пријателки.
8. Да има определено свое хоби во кое ќе ужива.
9. Да аплицира за работно место за кое нема доволно квалификации.
10. Да има летна авантура.
11. Да замине на егзотично патување.
12. Да има членувано во некаква хуманитарна организација.
13. Да има колекција од нејзините омилени работи.
14. Да посетува часови по танцување, дури и ако мисли дека е вистински антиталент.
15. Да си направи тетоважа со некаква порака и значење, може и привремена.
16. Да има вистински и верен машки другар кој ќе го гледа како брат.
17. Да организира нечија моминска вечер најмувајќи стриптизер.
18. Да присуствува на некаков спектакл, како доделување награди, ексклузивни премиери и промоции.
19. Да научи вистински да се цени и сака себеси, да го вреднува својот живот и да научи како да ги истакнува своите добри страни и да ги прикрива недостатоците.
20. Да си има поставено јасна цел во животот и да започне да инвестира во својата иднина.
21. Да најде сериозна работа и целосно да ù се посвети, градејќи ја својата кариера.
22. Да почне да живее одделно од своите родители и да се осамостои.
23. Да има прочитано барем неколку добри книги и романи.
24. Да научи како малите работи да ги доживува како огромни.
25. Да има организирано барем неколку забави.
26. Да презема ризици.
27. Да оди на кампување.
28. Да си има свое преслатко домашно милениче.
29. Да направи неколку значителни промени во својот имиџ.
30. Да научи потези за самоодбрана.
31. Да флертува бестрашно и смело.
32. Конечно да се ослободи од старите работи на бившите кои останале во нејзиниот дом колку да прават неред.
33. Да се гледа со „опасен“ тип.
34. Да има најмалку 10 навистина незаборавни вечерни лудувања со пријателките во град и да земе активно учество во што е можно повеќе караоке забави.
35. Да скрши неколку машки срца.
36. Да запознае некој од своите идоли.
37. Да направи неколку забранети работи.
38. Да пробува венчаници со своите пријателки, и покрај тоа што ниедна не стапува во брак во блиска иднина.
39. Да најде маж кој ќе ја третира како божица.
40. Да се вљуби, вистински да се заљуби, чуствувајќи ги пеперутките во стомакот.
Запомнете, секогаш е во ред да имате свои планови и цели кон кои ќе се стремите, но во меѓувреме ако животот ви понуди повеќе од очекуваното, зграбете ја можноста без колебање, а ако постои нешто што сте сакале да го направите, но не сте успеале, знајте дека никогаш не е доцна. Животот можеби е краток, но е вистински прекрасен, па вреди да уживате во секој негов момент.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Одлична статија; 19, 20 и 21 се особено точни и секоја девојка треба да се стреми кон тоа. Исто така 39 и 40. 🙂
Да почне да живее одделно од своите родители и да се осамостои. -некако немогуче у денешно време. плус ако сево ова го има доживеано девојка до 25 год значи е доволно самостална што нема ни на крај памет да и текне да се мажи 😀
па фала богу, секоја девојка треба да е самостојна. или ушпте сме си ние назад со времето, па ти треба маж за да те одржува??? 🙂
Да направи прекршоци?
Да скрши неколку машки срца?
Другите се океј но, овие две би биле огромен срам.
Не сум ангел но несакам ничие срце да скршам
Ова е некако глупо. Извини Ели.
Така е Сандра. Се согласувам со твојот став. Извини Ели.
Епа извинете вие две, ама според мене статијата е топ! имам 24, значи уште една година да направам се што не сум исполнила од листата 😉 и навистина ми даде поттик!
Не се извинувајте ова е само некоја статија преведена од англиски. Не можам а да не забележам дека сајтовите се преплавени со статти кои поставуваат некои смешни стандарди за тоа како треба една девојка да живее и да изгледа.
Не живеат сите во исти услови , па да има 20 пара чевли или да си овозможи одмори и излегувања во не знам си какви клубови. Ова е само еден од многуте примери за тоа како една ваква листа не може да одговара , животот носи непредвидливи и непланирани работи кој го прават убав.
Животот не се планира со “must do” листа, тој сам си ја прави листата.
А сега ивинете морам да одам да скршам неколку машки срца…
јас сум авторот на текстот, и многу ме израдува фактот што постигна одредена популарност меѓу читателите. Тања ти благодарам за коментарот и вниманието што си го одвоила за да го прочиташ текстов, но ова не е преземено од ниедна друга веб-страна, не е преведено од никаков друг текст, ова се целосно мои идеи бидејќи претпочитам да бидам оригинална. Но ете, секогаш има негативни и позитивни коментари и мило ми е што се јави дискусија околу текстов. Секој е различен, некој сака едно некој нешто сосема друго, но затоа гледав да опфатам повеќе работи за да си пронајдете барем по неколку во кои ќе уживате правејќи ги. Животот не се планира, но затоа текстот завршува со: „…секогаш е во ред да имате свои планови и цели кон кои ќе се стремите, но во меѓувреме ако животот ви понуди повеќе од очекуваното, зграбете ја можноста без колебање….“ Ова сепак, пред се е забава, немора да биде сфатено премногу буквално, а за некои работи треба да се прочита меѓу редови. Во секој случај, мило ми е што јасно го напиша своето мислење, ценам такви личности, и јас самата сум таква 🙂 поздрав
Баш ми е мило што се вклучи во дискусијата, затоа сме тука да разменуваме мислење.
Баш гледав на интернет имаше премногу статти со истото име и со многу од овие точки наведени тука, додуша не ме чуди што се повторуваат. Што друго да помислам? Не значи дека буквално е преведена и препишана цела статија, туку дека ваков формат и вакви статии се повторуваат, но тоа е најмалку важно.
Како што напишав во првиот пост, не се извинувајте за вашето мислење, сметам дека секој што пишува дали коментар или еве статија на пример треба да си стои позади тоа.
Сите сме различни и воопшто не е чудно да има различни мислења. Тоа е целта на дискутирањето. поздрав
Nemozam da razberam zosto ako nesto ne vi se dopagja bi trebalo da go komentirate, a ako vekje treba da iskomentirate napisete deka ne vi se dopagja i deka ne se soglasuvate i gotovo.Edinstveno iskompleksirani i zaostanati licnosti navreduvaat necii mislenja i stavovi,a neznam kolku treba da si prost i neobrazovan za da se izvinuvas za svoj stav. Znaci devojki, nikoj ne ve teral da go citate, ako ne vi se dopagja vas, na nekogo mozebi mu se dopagja. A deka ne se zivee po plan e tocno, no ako nemas nikakvi celi vo zivotot …. nema nikae da stignes.. nemozes da zivees bez da znaes sto sakas da napravis i postignes vo zivotot, a ova se ubavi i zabavni raboti sto sekoja devojka treba da gi ostvari. A toa so skrsuvanjeto na srcata, ako ne znaete da citate megju redovi i ste tolku plitki pa se razbirate bukvalno vi nema spas… Jas go svativ deka sekoja devokja treba da osvoi nekolku maski srca i da ne im se predade, bidejki kolku i da ne sakame site krsime necie srce, pa makar i bez da znaeme. Da skrsis srce ne znaci sekogas ona sto vie go zamislivte. I ne bidete lizi gaz (izvinete na izraz), sto izvini Eli… i vie da napisete nesto i toa nema nekomu da mu se dopadne pa nikoj nema da mu pobara proska. ugje sme razlicni sme… Toa e normalno!!!
Хмм не гледам ништо навредливо во останатие коментари, освен во твојот каде што ги нарекуваш искомплексирани и заостанати личности само затоа што напишале дека нив лично им е глупава статијата. Тоа е нивен вкус и тоа не може да се дискутира.
Ah i Tanja, od kaj pa ti znaes deka e prevedena od angliski, jas nikogas ne sum sretnala vakvo nesto, ako e togas da link da vidime … mozebi e zemena idejat, neznam… ama se gleda deka e originalna.
Јас имам сретнато вакви статии колку сакаш, не велам дека е иста ама идејата е земена, што искрено не ме ни засега, јас коментирав за содржината.
Написи на google Things To Do Before You Turn 25 и ќе видиш колку вакви статии има.
Како што реков тоа е најмалку важно. Сметам дека секој може да си коментира што сака, па макар и на некого ако му е глупава статијава може да си каже. Нема ништо лошо во различни мислења и ставови и вкусови, затоа и статијава не може да се поистоветува со сите луѓе, баш поради тоа што сме различни.
Кога кажав дека животот не треба да се планира, се разбира дека не мислев на тоа да се нема цели во животот. Мојата поента беше дека на пример не можеш да испланираш и да напишеш во твојот план под точка 40 дека ќе се заљубиш, или дека мора да имаш сериозна врска , тоа не се планира.
Има премногу различни ситуации во животот кои можат да се случат , и затоа сметам дека тоа не може да се сведе на 40 точки.
Се разбира дека во полето на кариерата и работата се потребни планови и цели , но овие точки според мене не се во ред.
Не би можела повеќе да се согласам со Тања.