Мудроста на будизмот: 25 зен совети кои ќе ви помогнат да пронајдете внатрешен мир
Зен будизмот не трага по смислата на животот, туку ни помага да ги надминеме животните потешкотии. Нѐ учи да бидеме трпеливи, внимателни и да се концентрираме на она што се случува во моментот. Следниве 25 будистички мудрости би можеле да го променат вашиот поглед кон светот и да ви дадат одговори на најважните животни прашања што ве измачуваат…
1. Најтешко е да му се одолее на искушението пред самата победа.
2. Целта во животот е да се умре млад што е можно подоцна.
3. Не зборувајте доколку немате да понудите ништо подобро од тишината.
4. Патувањето од илјадници километри започнува со само еден чекор.
5. Силниот човек надминува една пречка, мудриот човек оди до крајот.
6. Не плашете се од бавното одење. Плашете се од запирањето.
7. За глупавиот човек, дури и среќата е глупава.
8. Ако се сопнете и паднете, тоа не значи дека сте го одбрале погрешниот пат.
9. Колиба полна смеа е побогата од палата полна тага.
10. Секогаш гледајте на посветлата страна на работите. Доколку не можете да го разберете ова, чистете го она што станало темно додека не заблеска.
11. Што и да се случи, ќе се случи на време.
12. Оној кој ги истакнува вашите мани, не мора да значи дека ви е непријател. Оној кој зборува за вашите доблести, не мора да значи дека ви е пријател.
13. Не плашете се доколку не знаете нешто. Плашете се доколку не научите ништо.
14. Добриот учител ви ја отвора вратата, но самите мора да влезете во просторијата.
15. Планината никогаш не потклекнува пред ветрот, без разлика колку е силен.
16. Живејте мирно. Ќе дојде време кога цвеќињата самите ќе расцутат.
17. Не постои пријател без мани. Но, доколку ги барате сите нивни мани, ќе останете без пријатели.
18. Тагата влегува низ вратата што била оставена отворена.
19. По долго патување, никој не се враќа како истиот човек од претходно.
20. Човекот кој поцрвенува, не може да има црно срце.
21. Подобро е да се биде вистински човек еден ден, отколку да се биде нечија сенка 1.000 дена.
22. Домот е таму каде што вашите мисли го наоѓаат мирот.
23. Човекот кој ги поместил планините е оној кој започнал со поместување на најмалите камења.
24. Доколку сте направиле грешка, најдобро е да ѝ се насмеете.
25. Првиот најдобар момент да се насади дрво поминал пред 20 години. Вториот најдобар момент е денес.