„Мраморниот колач“ е слатко задоволство за целото семејство
Ова е многу едноставен, сочен колач што може да се подготви во калап за куглоф или во форма на класични коцки. Сето тоа зависи од вашето расположение и од можностите, а резултатот е секогаш прекрасен.
Доколку обожувате чоколадо, во смесата може да додадете сечкано темно чоколадо. Другите варијанти како кората од портокал или малку цимет, исто така, се подеднакво примамливи.
Најважно е „мраморниот колач“ да се излади пред да се исече, во спротивно тој ќе се рони. Додека трпеливо чекате, загрејте се со чаша чај со мед, а потоа уживајте и во прекрасниот колач.
Потребни состојки:
- 230 г путер
- 250 г шеќер
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 4 јајца
- 500 г брашно
- 1 пакетче прашок за печиво
- 150 мл млеко
- 25 г какао
- прстофат сол
- изрендана кора од 1 лимон
Начин на подготовка:
- Изматете го омекнатиот путер со шеќерот, ванилиниот шеќер и солта. Додајте го млекото и јајцата и добро промешајте.
- Додајте го брашното измешано со прашокот за печиво, па добро промешајте со дрвена лажица или силиконска шпатула.
- Поделете го тестото на два дела. Додајте ја изренданата кора од лимон во едниот дел, а какаото во другиот.
- Подмачкајте го со путер калапот за печење и загрејте ја рерната на 180 степени.
- Наизменично истурете од смесата во калапот. Прошарајте ја смесата користејќи стапче за раженчиња.
- Печете го колачот околу еден час во загреана рерна. Проверете со чепкалка за заби дали е добро испечен и изладете го пред да го исечете на парчиња и да го сервирате.
Можеби сакате да го дознаете и овoj рецепт за кремаст колач со нутела и кекс.