Претходно
Можни причини за отоци во нозете и кога би требало да побарате лекарски совет?
Отоците во рацете, нозете или другите делови од телото најчесто се симптоми на хронични болести. Луѓето најчесто се жалат на отекување на нозете, односно на стапалата, зглобовите и колената што најчесто се предизвикани од летните месеци. Но, понекогаш, тие можат да бидат симптом и за нешто поопасно. Токму затоа, дури и да се случува ретко, добро е да бидете прегледани од страна на медицинско лице. Во меѓувреме, погледнете ги останатите причини поради кои можете да имате отоци во нозете…
- Кардиолошки заболувања меѓу кои најчесто се наоѓаат срцева слабост, кардиомиопатија и последица од преживеан срцев удар.
- Бубрежни заболувања, како нарушување на бубрежните функции. Во тој случај или се создаваат и задржуваат повеќе течности или се губат белковините преку бубрезите.
- Проширени вени.
- Нарушувања на лимфната дренажа, односно на лимфната течност што се насобира во ткивата поради отсуство на лимфни клетки, проблеми со лимфните клетки или отстранување на лимфните јазли.
- Заболувања на тироидната жлезда, пред сè хипотиреоза.
- Отоците кај жените можат да се јават и во склоп со ПМС, најчесто поради дисбаланс на естрогенот и прогестеронот.
- Повредите на стапалата или глуждовите можат да доведат до отоци. Доволна е дури и мала повреда или лош чекор за да се предизвика абнормално истегнување на лигаментите.
- Отоците на стапалата и глуждовите можат да бидат и знак за инфекција. Луѓето со дијабетесна невропатија или други нервни проблеми често се на зголемен ризик од инфекција на стапалата.
Погледнете ги и овие 7 неверојатни промени кои настануваат кај женското тело по породувањето.