Можете ли да натерате некого да се вљуби во вас?

Можете ли да натерате некого да се вљуби во вас?

Ова е едно од најпоставуваните прашања кога станува збор за романтични врски. Направени се бројни истражувања со цел да се докаже дека навистина можеме да ја контролираме љубовта. Бидејќи и љубовта е основна емоција како стравот, радоста и слично, може да биде регулирана ако е добро набљудувања. Па, како да ги искористите психологијата и науката и да натерате некого да се вљуби во вас?

1. Не порачувајте сладолед на првиот состанок

Можете ли да натерате некого да се вљуби во вас?

Социјалниот психолог Џон Барг кој работи на Универзитетот Јејл го истражува влијанието на несвесното процесирање на социјалното однесување. Неговите истражувања откриле интересна поврзаност помеѓу телесната температура и психолошката состојба на личноста. Наводно, кога сме физички топли, имаме поголеми шанси да бидеме пријателски настроени. Овој трик може да ви помогне на првиот состанок кога е важно да стекнете нечија доверба. Па, одбирајте топли места за состанокот, како и топла храна и пијалаци.

2. Гледање во очи

Можете ли да натерате некого да се вљуби во вас?

Психологот Зик Рубин од Харвард спровел истражување за да открие дали е можно да се измери љубовта. Тој открил дека траењето на гледањето во очи е одговор на ова. Паровите кои биле навистина вљубени се гледале во очи 75% од времето додека разговарале. Обично луѓето се гледаат во очи 30% до 60% во текот на разговорот.

Но, гледањето во нечии очи не мора да биде последица од вљубувањето, туку може да биде и причина. Кога гледате некој подолго и го правите тоа почесто, го мамите неговиот ум бидејќи го потсетувате како изгледа „вљубениот поглед“. Па, кај личноста почнуваат да се појавуваат романтични чувства кон вас.

3. Раскажете некоја непријатна ситуација

Можете ли да натерате некого да се вљуби во вас?

Очигледно е дека колку е поотворен некој, толку се поголеми шансите да биде сакан. Според едно истражување спроведено од Харвард, 89% од испитаниците преферирале да бидат отворени и искрени за време на првите состаноци. Не криеле ништо, дури и кога станувало збор за чудни навики, вкусови, непријатни ситуации и лоши карактеристики. Ова функционира исто како тајните – кога ќе му кажете на некој некоја тајна се појавува посебна поврзаност заснована на доверба.

4. Не правете ништо, туку дозволете да направат нешто за вас

Можете ли да натерате некого да се вљуби во вас?

Кога правиме нешто добро или помагаме некому, се чувствуваме добро. Среќни сме и ја сакаме личноста на којашто сме ѝ помогнале. Убедени сме дека личноста го заслужила тоа, па почнува да ни се допаѓа уште повеќе. Од друга страна, и кога некој ќе направи нешто за нас ни се допаѓа. Но, тоа се други емоции и не се сите позитивни. Најчесто се чувствуваме должни. Уште полошо е ако станува збор за личност што не ни се допаѓа.

5. Направете таен јазик само за вас двајцата

Можете ли да натерате некого да се вљуби во вас?

Овде станува збор за приватни шеги, посебни зборови и уникатни гестикулации кои се појавуваат кај луѓето кои се блиски. Кога ќе ја најдете вашата заедничка фраза и ќе ја употребувате секој ден, врската ќе се издигне на ново ниво. Ќе биде посилна и поинтимна.

6. Важна е големината на зениците

Можете ли да натерате некого да се вљуби во вас?

Во истражување од 60-тите и 70-тите, научниците ја истражувале поврзаноста помеѓу големината на зениците и атрактивноста. На мажи им покажувале 2 фотографии од иста жена. Фотографиите биле идентични освен еден детаљ – на едната фотографија нејзините зеници биле значително поголеми. На мажите повеќе им се допаѓала оваа фотографија, иако не ја забележале разликата. Не можете да ја контролирате големината на зениците, но можете да го контролирате опкружувањето. На пример, затемнете ја просторијата, користете свеќи наместо светилки или одете во ресторан со опуштена атмосфера.

7. Бидете често до него, а потоа дајте му шанса да му недостасувате

Можете ли да натерате некого да се вљуби во вас?

Важно е да поминувате време со саканата личност кога чувствата се заеднички. За подобро да се запознаете, да создадете поврзаност и слично потребно е да минувате повеќе време заедно. Но, наместо неколку состаноци, психолозите советуваат да направите пауза и да бидете отсутни од животот на другата личност. Со ова ќе постигнете неколку нешта:

  • Нема да ви стане здодевно. Со текот на времето чувствата не се толку нови, па за да ги одржите во живот потребно е да се оддалечите.
  • Личноста ќе има шанса да сфати колку добра и важна е врската.
  • Можете да преземете контрола над вашите чувства и да размислувате јасно.

8. Направете позитивна асоцијација

Можете ли да натерате некого да се вљуби во вас?

Можете да програмирате нечиј мозок повторувајќи ја истата мисла одново и одново. Поради ова е важно внимателно да ги одбирате зборовите кога зборувате со личност којашто ви е важна. Со овој принцип можете да ја подобрите вашата слика. Колку подобро ќе се претставите, толку подобар впечаток ќе оставите, дури и кога не сте заедно.

Дали знаете кои се трите фази на вљубување кај мажите?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар