Можеби токму тој што се труди да ви помогне, е тој што најмногу ќе ве повреди
Во идеален свет, сите би имале некој кој би нè спасил. Некој кој секогаш ќе биде до нас за да нè прегрне и да ни каже дека сѐ ќе биде во ред. Некој кој ќе може да ни ги собере парчињата од скршеното срце и да ги состави заедно. Но, во реалноста оваа личност не постои. Човекот е себично суштество и не треба да очекувате ваков вид посветеност и верност од нечија страна. Дури и ако пронајдете некој кој ќе сака „да ве поправи“, тоа најверојатно нема да го прави жртвувајќи се себеси. Тоа е начин на кој тој само сака да манипулира со вас. Затоа што во моментот кога ќе почнете да се потпирате на една личност која ќе ви дава емоционална поддршка и самодоверба, вие ќе станете зависни од таа личност, односно од неа ќе зависи вашата среќа, правејќи ви да ви биде екстремно тешко да ја напуштите таа токсична врска.
Личноста која постојано ќе ве онерасположува, а потоа ќе се обидува да ви го врати расположението, го прави тоа токму од истите причини. Таа личност ве прави слаби и повредени, па чувствувате дека не можете да живеете без неа. Овој вид врска е токсична и во иднина само ќе ве повредува. Вие треба да излезете од неа и тоа веднаш! Запаметете дека вие сте единствената личност која може да се спаси себеси. Вие сте единствената личност на која можете да се потпрете и да го создадете вашиот карактер онака како што го замислувате. Потпирајќи се на некој друг за вашата лична среќа, е најбрзиот начин истата да ја изгубите. Личноста со која ќе бидете во врска не треба да се обидува да „ве поправи“, туку да ве сака онакви какви што сте.
Затоа, доколку се најдете во врска со личност која тврди дека е „светец“, но само прави да се чувствувате непријатно и тажно, тогаш ставете се себеси на прво место и едноставно оддалечете се. Можеби тогаш ќе се чувствувате како да не знаете каде одите или што правите, но морате да започнете од некаде. Морате да научите како да се заштитите себеси.