Можеби не ви пречат на почетокот, но овие работи со тек на време стануваат огромен проблем во љубовната врска
Работите кои сега ги толерирате, нема да можете за неколку месеци. Најверојатно размислувате дека нешто ќе се промени во вашата врска и дека вашиот партнер ќе поправи некои свои навики, но тоа не е така. Еве кои работи што ги толерирате на почетокот со тек на времето може да се претворат во огромен проблем.
1. Неговите излегувања
Велат дека спротивностите се привлекуваат. Па така, вие повеќе сакате мирни вечери во својот дом, додека тој обожава излегувања во ноќни клубови. На почетокот, голема е веројатноста дека ќе мислите дека тоа ќе се промени со тек на време, но секогаш постои шанса дека тоа нема да се случи.
2. Неговите работни цели
Некои луѓе ќе направат сѐ за да ја унапредат својата кариера, додека некои пак попрво би седеле дома, не правејќи ништо. Без разлика на која група припаѓа тој, ако уште сега не ви се допаѓа неговата работна етика, тоа би можело со тек на време да стане голем проблем. Ако мразите колку многу работи, ќе има многу вечери кога ќе седите сами дома, чекајќи го, а доколку не работи, нема да сакате да бидете негова мајка.
3. Неговиот став за деца
Можеби во овој момент не мислите на тоа, но ова прашање е темпирана бомба, замотана во слатко ќебенце. Ако не се согласувате за тоа дали сакате деца, колку и кога, големи се шансите дека тоа никогаш нема да се промени. А што потоа? Потоа ќе започнете да мислите дека сте требале порано да ја прекинете врската, односно кога прв пат ви го кажал неговото мислење на таа тема.
4. Неговото минато
Иако знаете дека досега ги изневерувал сите свои бивши девојки, во ова фаза тоа не ви пречи, бидејќи сте лудо заљубени и не можете без него да замислите ниту еден момент. Но, кога по прв пат ќе започне да се однесува поразлично отколку обично, ќе започнете да се сомневате, а неговото минато кое е одбележано со одредено однесување, и тоа како ќе започне да ви пречи. Бидете сигурни уште на почетокот дека ќе можете да го прифатите тоа.
5. Драстично различни сексуални нагони
Луѓето имаат многу различни сексуални очекувања и желби, а доколку никако не пронаоѓате компромис, тоа со тек на време ќе стане поголем проблем, без исклучок.
Убијци на љубовта и страста: 4 најголеми проблеми во модерните љубовните врски.