Можеби не го гледате тоа сега, но вие заслужувате многу повеќе!

Можеби не го гледате тоа сега, но вие заслужувате многу повеќе!

Дали во последно време се чувствувате како да не заслужувате љубов? Можеби сте биле повредени, можеби вашето минато е преполно со исеченици и модрици што се исцртани на вашата кожа. Можеби никогаш не сте се чувствувале топло, не сте ја прифатиле прегратката на љубовта, и покрај тоа што сте се обидувале. Во еден момент, можеби дури и сте прифатиле нешто што изгледало „доволно добро“, затоа што сте мислеле дека нема да најдете ништо подобро (или пак, дека ќе останете сами).

Но, тоа што можеби не го разбирате во овој момент, или што можеби и воопшто не сте го ни помислиле, најмили наши, е дека заслужувате многу љубов!

Вие сте вредни за љубов што е толку чиста и длабока, што изгледа како најмирното и најбистрото море на светот. Љубов што целосно ќе ве обвие и што ќе ви донесе мир во душата. Вие заслужувате љубов што е вистинска, љубов што е целосна. Тоа треба да биде љубов што е трпелива и добра, љубов што ги прифаќа сите ваши маани, а и вас во целост, и што истовремено ги слави вашите успеси и сите способности со најголемите награди. Оваа љубов треба да биде како излезена од вашите соништа, љубов што ги опфаќа сите ваши најценети желби и копнежи. Вие заслужувате да бидете опкружени со љубов којашто изобилува со заштита, надеж и издржливост.

Можеби се прашувате зошто ви велиме дека заслужувате ваква исклучителна и неверојатна љубов. Тоа е така само затоа што досега најверојатно не сте сфатиле дека и вие сте исклучителни и неверојатни! Вие поседувате сјај, интелигенција и хумор што се непроценливи, и имате добра и грижлива душа што секој би сакал да ја има покрај себе. Едноставно треба да го отворите срцето и конечно да си дозволите да почувствувате кои сте навистина, со сите позитивни и негативни страни. Кога тоа ќе се случи, ќе останете без здив, затоа што нема да ви се верува дека не сте го забележале тоа досега. И токму во тој момент, светот ќе ви се промени целосно.

Едноставно, не заборавајте, најмили наши, дека вие заслужувате многу љубов. Вие ја заслужувате целата љубов на светот! А, ако тој ви каже дека не ве заслужува, верувајте му!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар