Можеби ги имате доживеано, а можеби не: 9 видови женски оргазми

Можеби ги имате искусено, а можеби не: 9-те оргазми кои ги доживува жената

Некои од овие оргазми никогаш не сте ги доживеале, а некои можеби сте ги доживеале без да знаете. Одредени експерти тврдат дека постојат само 5 вида оргазми, други пак тврдат дека се 12. Како и да е, единствено важно е задоволството.

0-mozhebi-gi-imate-dozhiveano-a-mozhebi-ne-9-te-zhenski-orgazmi-koi-gi-dozhivuvaat-zhenite-kafepauza.mk

1. Клиторален оргазам

Овој вид оргазам го доживува скоро секоја жена, а некои жени можат да доживеат само ваков сексуален финиш. Сексуалните терапевти советуваат партнерот со кружни потези да го масира клиторисот за жената да дојде до оргазам. Исто така, добредојдена е и оралната стимулација.

2. Вагинален оргазам

Вагинален оргазам е оргазам кој се постигнува со стимулација на Г-точката. Тој започнува во вагината и останува фокусиран во долниот дел на карлицата. Во овој вид сексуален финиш се вклучени матката, карлицата, па дури и анусот. Спремете се за барем 20-25 минути акција бидејќи овој оргазам побавно се постигнува.

3. Оргазам со стимулација на Г-точката

Г-точката се наоѓа на врвот од ѕидот на вагината, а нејзината стимулација создава неизмерно задоволство. Најголеми шанси за стимулирање на Г-точката за време на пенетрацијата има доколку партнерот пенетрира одзади. Секако, секогаш може да се стимулирате со рака. Овој вид оргазам исто така е познат по женската ејакулација.

4. Оргазам на А-точката

Како за Г-точката, така и за А-точката голем број луѓе не веруваат дека постои. Ваквиот оргазам воглавно се доживува кога сте навистина поврзани со партнерот или со помош на некои техники од тантричкиот секс.

5. Мешан – двоен оргазам

Овој вид оргазам подразбира истовремено доживување вагинален и клиторален оргазам, а може да трае дури 15 минути. Ако сакате да доживеете ваков сексуален финиш, мора многу да се потрудите околу предиграта затоа што жената мора силно да биде возбудена и релаксирана за да може да доживее двоен оргазам.

6. Длабок оргазам

Т.н. „длабок“ оргазам може да се доживее со стимулација на деловите сместени во најоддалечената точка на задниот дел од ѕидот на вагината, во близина на матката. Сексуалните терапевти велат дека ваквиот оргазам најдобро се постигнува со рачна стимулација.

7. Оргазам кој се постигнува со вежбање

Не е познато дали ова е трик за да се натераат жените да вежбаат, но некои стручњаци тврдат дека преку напорно вежбање може да се достигне оргазам.

8. Оргазам на кожата

Верувале или не и ваков постои. Знаете за она чувство кога слушате одредена песна или некој ви го бакнува вратот и целосно се наежувате? Е тоа чувство спаѓа во сексуалните возбудувања. Иако трае многу кратко, сепак не треба да се занемари.

9. Ментален оргазам

Некои жени користат комбинација од вежби за дишење и сексуални фантазии за да постигнат ваков оргазам, а други ги користат мускулите на карлицата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар