Можеби цел живот погрешно пржите јајца на око
Го ставате тавчето на рингла, турате масло, го загревате на висока температура и ги кршите јајцата врз него. Потоа налевате од загреаното масло и така ги допржувате. Веројатно ова е начинот на кој цел живот пржите јајца, но дефинитивно не е единствениот, ниту пак најдобриот.
Решението е всушност многу едноставно. Наместо на силна, загрејте го маслото на умерена температура, па откако ќе ги додадете јајцата, сè што треба да направите е да ги поклопите со капак. На тој начин температурата ја заробувате во просторот, па белката нема да загори додека се готви жолчката. Штом белката веќе не е течна, тргнете го тавчето од оган и доколку сакате жолчката да ви биде потврда, оставете го тавчето поклопено уште неколку минути. Погледнете како сето ова изгледа во пракса.