Морате да ја пробате: Пролетна пита со аспарагус и сирење

Морате да ја пробате: Пролетна пита со аспарагус и сирење

Аспарагусот е идеалниот додаток на многу пролетни јадења – одлично оди со јајца, може да се сервира на скара како прилог со месо или риба, но и да се додаде во разни салати, супи и чорби.

Морате да ја пробате: Пролетна пита со аспарагус и сирење

Во продолжение прочитајте го нашиот денешен предлог за вкусна пита со аспарагус и сирење.

Потребни состојки:

  • 400 грама аспарагус
  • 170 грама сирење
  • 1 пакетче лиснато тесто

Начин на подготовка:

1. Одмрзнатото лиснато тесто развлечете го на дебелина од околу половина сантиметар и ставете го во сад кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.

2. Врз тестото посипете четвртина од ренданото сирење.

3. Во сирењето додадете исчистен и измиен аспарагус.

4. Посипете сè заедно со преостанатото сирење.

5. Печете во загреана рерна на 200 степени целзиусови степени околу 25 минути или додека тестото не се испече и не се растопи сирењето.

6. Послужете ја питата додека е топла. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и овој рецепт за пита со спанаќ и сирење.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар