Морате да ги пробате: Чоколадни коцки со суво грозје и ореви

Морате да ги пробате: Чоколадни коцки со суво грозје и ореви

Не пропуштајте го нашиот денешен рецепт за чоколадни коцки со ореви и суво грозје!

Морате да ги пробате: Чоколадни коцки со суво грозје и ореви

Потребни состојки:

  • 160 грама суво грозје (можете да го замените со свежи урми)
  • 2 лажици вода (+ уште една, по потреба)
  • 70 грама мелени потпечени ореви
  • 60 грама овесна каша
  • 1/2 банана
  • 1 и пол лажица какао во прав
  • 20-30 грама чоколадо
  • 1/2 лажичка цврсто кокосово масло (ако е во течна состојба ставете ја целата лажичка)
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила (по избор)

Начин на подготовка:

1. Прелијте го сувото грозје со топла вода и оставете го така околу половина час. Во меѓувреме, испечете ги оревите. Сомелете ги овесните снегулки и оревите(оставете неколку грама настрана кои ќе ви послужат за декорација) и додадете какао.

2. Извадете го сувото грозје од садот со водата и исeчкајте го во блендер при што ќе додадете две лажици вода. Притоа, не е толку важно дали останале парчиња грозје, важно е повеќето од нив да бидат сомелени. Додадете половина од излупената банана, па повторно измешајте да се соедини. Додадете ја смесата во садот со сувите состојки и убаво соединете ја за да се добие компактна смеса. Доколку е потребно, додадете уште една лажица вода. Оставете ја смесата да отстои во фрижидер.

3. Растопете го чоколадото на пареа и додадете кокосово масло. Извадете го колачот од фрижидер, прелијте го со чоколадо и декорирајте со сечкани потпечени ореви. Вратете го десертот во фрижидер и оставете го да отстои барем неколку часа пред послужување.

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за посни бомбици со суво овошје.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар