Монохроматскиот тренд ја освојува есента: Дури ни најпознатите дами не можат да му одолеат!

Монохроматскиот тренд ја освојува есента: Дури ни најпознатите дами не можат да му одолеат!

За стилот кој воодушеви многу дами нема да треба да потрошите ниту еден денар. Сигурни сме дека веќе имате сè што ви е потребно во вашиот гардеробер. Имено, монохроматскиот стил, што подразбира комбинирање една боја од глава до пети, оваа есен ќе биде еден од најчесто забележуваните трендови на улиците. Оваа комбинација е многу атрактивна и интересна, па без сомнение ќе ве издвои каде и да одите.

Едно од правилата што треба да ги почитувате е да ја изберете омилената боја и за само еден миг ќе имате стил како светските убавици. Погледнете во продолжение како тие го носат овој тренд есенва.

Пријанка Чопра со светли нијанси зачекорува во есента

Кајли Џенер воодушевува со костимот во црвена боја

Викторија Бекам со овој стил ги врти сите погледи кон себе

Кендал Џенер суптилно привлекува внимание со помирни тонови

Сакате да останете во чекор со модата? Погледнете го и овој розов мек капут за разбивање на есенската монотонија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар