Момците откриваат: Зошто некои девојки им се здодевни?

Момците откриваат: Зошто некои девојки им се здодевни?

За да опстане една љубовна врска, треба да постои разбирање и слога помеѓу партнерите. Но дури и да постојат тие компоненти, доколку ви е здодевно кога сте со партнерот, има големи шанси дека врската нема да успее. Сигурно ви се случило да излезете на љубовен состанок и да немате ниту една тема за разговор со партнерот или партнерката. И двајцата зјапате во телефоните, во менито, во чашата со вино… Гледате насекаде, освен еден во друг!

Момците откриваат: Зошто некои девојки им се здодевни?

Секако дека постојат здодевни момци и девојки, но мажите точно знаат кои жени им се здодевни и ако го почувствуваат тоа, нема да ја продолжат врската. Генерално, на мажите им се здодевни девојките кои немаат живот. Нормално дека сакаат девојките да поминуваат време со нив, но мора да имаат и своја работа, хоби, милениче и круг на пријатели. На тој начин, ќе имаат што да споделат и момците ќе добијат можност да научат нешто од нив. Па, доколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте ги следниве искрени исповеди на момците и дознајте кои девојки ги сметаат за здодевни…

Девојки кои не сакаат да пробуваат нови работи

„Моето мото е да истражувам, да учам и да стекнувам искуства во животот. Сакам да знам сѐ, дури и најпростите работи. Па така, девојка која никогаш не сака да излегува од нејзината секојдневна рутина би ми била здодевна. Сакам девојки со слободен ум кои се отворени за предизвици и откривање нови работи на интелектуално, социјално, културно и сексуално ниво. Здодевни ми се жените кои мислат дека знаат сѐ и не сакаат да си ги прошират хоризонтите. Сакам некоја која е отворена за нови искуства и не се плаши да излезе од нејзината удобна зона.“

Девојки со кои не си одговараат

„Ако девојката го нема она што го барам, ќе ми биде здодевна. Никој не е здодевен во генерална смисла на зборот. Сите ние сме здодевни за некои луѓе, а интересни за други.“

Девојки кои не слушаат

„Врските се двонасочни улици на давање и земање. Кога жените ќе забележат дека знам да слушам, никогаш не ме слушаат вистински и не ми дозволуваат да зборувам. Нормално дека тие жени ми се здодевни.“

Девојки кои почнуваат да го копираат нивното однесување

„Некои девојки почнуваат да го копираат карактерот, интересите и однесувањата на мажите. Не сакам да бидам во врска со самиот себе!“

Момците откриваат: Зошто некои девојки им се здодевни?

Девојки кои никогаш немаат секс на првиот љубовен состанок

„Не ги разбирам жените на кои им се допаѓа некој маж, но немаат секс со него на првиот состанок иако знаат дека тоа порано или подоцна сепак ќе се случи. Што чекаат?! Здодевно.“

Девојки кои постојано сакаат да поминуваат време со нив

„Здодевни ми се девојките кои сакаат само да бидат со мене и да правиме работи што сите парови ги прават. Повеќе би ми се допаѓала девојка која сака да поминува време и со други луѓе и на која постојано ѝ се случува нешто интересно.“

Девојки кои немаат интересни приказни за раскажување

„Здодевни се жените кои се површни, кои постојано разговараат само за работа, семејство, стари сеќавања и најнови филмови. Нема ништо лошо во ваквите разговори, но тие не можат да го задржат мојот интерес. Личните амбиции, карактерните особини, стекнатите искуства и личните погледи кон светот се интересни теми за разговор според мене.“

Девојки кои постојано зборуваат за себе

„Девојките кои 40 минути зборуваат за себе на љубовните состаноци се најздодевни.“

Девојки кои не знаат да пишуваат интересни пораки

„Најздодевни ми се девојките кои не знаат да разговараат, особено преку пораки. Нема ништо полошо од одговорите со еден-два збора. Има девојки кои се забавни и возбудливи, но не знаат да се изразат како што треба и не знаат да прават муабет, ниту очи во очи ниту преку пораки. Тие според мене се здодевни.“

Момците откриваат: Зошто некои девојки им се здодевни?

Девојките кои не се посебни

„Иако сите сакаат да бидат во врска со ’нормална’ девојка, повеќето момци претпочитаат жени кои се барем малку поразлични и попосебни од останатите. Слушањето популарна музика, гледањето серии и навивањето за локалниот тим не се уникатни карактеристики што би издвоиле одредена девојка од толпата. Момците ги почитуваат жените кои имаат оригинален став и знаат како да го искажат своето мислење. Жените не треба да се плашат да го покажат нивното вистинско, автентично лице.“

Девојки кои не го испуштаат телефонот од рака

„Жените кои имаат возбудлив живот на Инстаграм и кои се популарни на социјалните мрежи, но не можат да се одвојат од телефонот во реалниот свет, се многу здодевни. Ниту еден маж не сака да биде со жена која не може да го остави телефонот и да ужива во вистинските животни авантури.“

Девојки кои се постојано негативни

„Многу ми се здодевни жените кои постојано се жалат и шират негативна енергија. Разбирам дека сите понекогаш минуваме низ тешки периоди и дека треба да го споделиме тоа со некого, но ако девојката не изусти ниту еден позитивен збор во текот на целиот разговор, тогаш не би сакал да поминувам време со таква личност. Љубопитноста е привлечна. Негативноста е здодевна.“

Девојки кои немаат свои хобија

„Здодевно ми е кога јас ќе се претворам во нечие хоби. Одредено време ќе ми ласка тоа што мене ми е посветено нејзиното целосно внимание, но девојките кои немаат други интереси освен нивниот партнер се многу здодевни. Најинтересни се девојките кои имаат повеќе хобија и кои постојано сакаат да пробуваат нови работи.“

Што мислите вие за овие одговори? Се согласувате со мислењето на момците или пак имате своја дефиниција за „здодевна личност“? Без оглед на вашиот став, генералниот заклучок е дека треба да бидете свои и оригинални, да имате лични интереси и да не се плашите да го покажете вашето вистинско лице, бидејќи токму вашата автентичност ќе ве направи најинтересната личност на светот.

Во продолжение момците откриваат што е за нив приземна девојка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар