Момците откриваат несексуални нешта кои неверојатно многу ги привлекуваат кај девојките
Честопати слушаме дека на момците им се привлечни само градите и задниците, но тоа не може да биде целосно вистина. Тие се сепак луѓе и мора да ги привлекуваат и некои други работи кои не се поврзани со сексот. Ќе останете изненадени кога ќе прочитате какви необични нешта ги возбудуваат и целосно ќе го смените мислењето дека мажите не забележуваат ситници или, пак, дека се површни…
Девојки на кои дланката им служи како потсетник
Ви се случило ли некогаш некој да ви даде важна имејл адреса, а вие во брзање да ја запишете на дланката? Изгледа дека трагите од мастило им се привлечни на некои момци. Но, ако се прашувате зошто е тоа така, нема да дознаете бидејќи ни тие самите не можат да го објаснат ова.
Девојки кои ги игнорираат
Сигурно веќе сте чуле за ова, но многу е покомплицирано отколку што мислите. Тука не станува збор за девојка која се преправа дека е тешка и намерно ги игнорира за да ја бркаат. Тие обожаваат кога нивната девојка прави нешто без воопшто да им обрнува внимание. Неверојатно привлечно им е тоа што нивната девојка е толку заинтересирана за нешто, што сосема се исклучува од надворешниот свет.
Чорапи до глужд
Лето е, така што воопшто не се двоумете дали да облечете патики со кратки чорапи до глужд, бидејќи изгледа дека тие им се страшно привлечни на мажите. Момците повеќе претпочитаат да ѕирнат само мал дел од женската нога, отколку сѐ да им биде сервирано на тацна.
Кога девојките се проѕеваат или растегнуваат
Растегнувањето е сосема разбирливо, меѓутоа проѕевањето? Уште една работа која им е привлечна и слатка, но не можат да објаснат зошто. Во секој случај, не заборавајте да ставите рака додека се проѕевате, бидејќи лесно можете да постигнете спротивен ефект.
Начинот на кој девојките го изговараат нивното име
Момците обожаваат да го слушаат нивното име. Освен ако тонот не е прекорен, тие многу повеќе сакаат да си го слушнат името отколку слаткиот прекар што им го имате смислено. Ова особено важи за почетокот на врската. Доколку сакате да го освоите, слободно изговарајте му го името колку што можете повеќе во текот на разговорите.
Девојките кои се попаметни од нив
Ретко кои момци го признаваат ова, но тоа е навистина така. Тие благодарение на оваа девојка ќе имаат можност да учат и да се надградуваат себеси. А и не е тајна дека интелигентниот разговор е неверојатно привлечен.
Стрии
Кој би рекол? Момците кои сакаат девојки со облини не можат да им одолеат на видливите стрии, но признаваат дека тие изгледаат одлично и на послабите девојки. Сметаат дека стриите уште повеќе ја потенцираат сексуалноста на оние делови од телото кои сами по себе се секси.
Високи девојки
Многу девојки се чувствителни кога станува збор за нивната висина, бидејќи ниту една жена не сака да делува крупно или да не може да си најде момче кое ќе биде повисоко од неа. Но, изгледа дека токму ваквите девојки ги привлекуваат момците. Високите девојки секогаш се истакнуваат во толпата и тешко е да останат незабележани. Секако дека станува збор за вкус и постојат момци кои повеќе сакаат ниски девојки, бидејќи покрај нив се чувствуваат посилни и помажествени.
Девојки на кои им се допаѓаат
Многупати е потврдено дека момците не сакаат игри и загатки. Не знаат да читаат меѓу редови, ниту, пак, да ги препознаат сигналите кои им ги праќате дека сте заинтересирани. Момците сакаат да знаат на што се, без да треба многу да се трудат за да дознаат. Токму затоа отворените девојки кои не се плашат директно да им ги кажат нивните чувства се во голема предност.
Девојки со спортски капчиња
Момците обожаваат спорт, така што ова не е никакво изненадување. Дури и да не сте заинтересирани за каков било спорт, ним доволно им е тоа барем да изгледа така. Момците обожаваат девојки кои имаат опуштен стил на облекување и претпочитаат природен изглед. Сигурни сме дека имате некаде по дома обично спортско капче. Најдете го и носете го на попладневната прошетка. Позитивните машки реакции се неизбежни.