Момците откриваат: Најголемите грешки кои ги прават девојките

Момците откриваат: Најголемите грешки кои ги прават девојките

Девојките кои постојано приговараат и го критикуваат нивниот партнер се многу тешки за справување. Секако дека е во ред да бидат малку љубоморни, но проблемот настанува во моментот кога полудуваат само што ќе се спомене името на некоја друга девојка. Понекогаш тие може да мислат дека работите што ги прават се во интерес на врската, а не забележуваат дека всушност ја уништуваат. Момците, од друга страна, пак, и тоа како ги забележуваат овие грешки, а следуваат неколкуте најчести…

Момците откриваат: Најголемите грешки кои ги прават девојките

Не поднесуваат други жени

Девојките кои не му дозволуваат на партнерот да погледне друга жена, постигнуваат само краткорочни резултати. По некое време, тој ќе побегне и ќе најде некоја која е помалку опседната.

Го запоставуваат нивниот изглед

Прво престануваат да се средуваат како на почетокот, што е сосема нормално, но по некое време таа опуштеност станува екстремна. Девојките кои се запуштаат во врската покажуваат дека повеќе не им е гајле како изгледаат. Никому не му пречат неколку килограми повеќе, но во моментот кога жената заборава на депилацијата и хигиената, мажот бега од врската.

Знаат да бидат пасивно агресивни

Момците се многу подиректни од девојките. Ако сакаат нешто, ќе го побараат тоа. Ако нешто им пречи, ќе го кажат тоа. Жените, од друга страна, пак, многу често се препуштаат на пасивната агресија. Велат дека не им е ништо и очекуваат од партнерот да знае што им е. Одвреме-навреме ова е прифатливо, но ако тој постојано мора да размислува што ви е, ќе побара некоја поедноставна девојка.

Приговараат

Ниту еден маж не е совршен, но има многу кои се трудат. Девојките кои постојано критикуваат се неверојатно досадни, а недостатокот на поддршка го доведува момчето до заклучокот дека можеби би требало да ја побара среќата со некој кој знае да каже и убави зборови, а не само приговори.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар